Женски консултативен совет во Ватикан

Женски консултативен совет во Ватикан

По повод меѓународниот ден на жената 8 март, во ватиканскиот прес-центар во вторник 7 март 2017 година беше претставен Женски консултативен совет (постојан орган на Папскиот совет за култура, формиран во јуни 2015 година), заедно со специјалниот број на списанието „Култури и вера”.

Триесет и седум жени членки го сочинуваат ова ватиканско тело:  пратенички, претприемнички, богопосветени, спортистки, актерки, лекарки, академски професорки, државни раководителки, од кои 26 беа пристуни во салата на прес-центарот. Домаќин на презентацијата беше кардинал Џанфранко Равази, претседател на Папскиот совет за култура, кој многу не го истакна значењето на „женската квота” во едно претежно машко раководство, но затоа повеќе истакна за големата можност да се анализира, оценува, критикува и првенствено да се нудат „нови” погледи на активностите на советот, од гледна точка на стручноста за генетиката, невронауката, антропологијата.

Целта на женскиот соведодавен совет е да се работи во дијалог со различните култури, религии и реалности, бидејќи жените се убедени дека плуразлизмот е предуслов за активностите на човекот.

Во специјалниот број на списанието „Култури и вера” по повод 8 март, женскиот совет ќе има четири полиња на дејствување: помагање на младите луѓе со нивниот личен начин на изразување, животно искуство, сила и ранливост. Надминување на нееднаквостите во пристапот до работа и соодветен надомест, кои се уште се присутни дури и во земји каде што жените плаќаат повисоки такси за обука од момчињата. Поддршка на позитивното присуство на жените во исповедувањето на верата и изградбата на мост кон машката култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот