Папата со членовите на Куријата ги започна духовните вежби

Во недела 22 февруари попладнето Светиот Отец заедно со членовите на римската Курија ги започна духовните вежби во Аричи, недалеку од Рим, а ќе ги предводи патер Секундин.

„Служител и Пророк на живиот Бог“. На оваа тема членовите на римската Курија ќе размислуваат со Светиот Отец за време на духовните вежби, кои започнуваат во недела 22 февраури. По завршувањето на молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, како и минатата година Папата со автобус се упати на духовни вежби во Аричи, во Куќата на Божествениот Учител, недалеку од Рим.

Духовните вежби ќе ги предводи кармелиќанецот Бруно Секундин, поранешен професор по модерна духовност на Папскиот универзитет Грегоријана. Размислувањата се околу пасторалната интерпретација за  пророкот Илија. Овој пророк, кој во 9 век пред Христос постојано бил прогонуван од тогашните власти, бега во пустина, каде што пронаоѓа повторно охрабрување. На едно место на гората Хорив Бог му се објавува, не во силен ветер, туку во здив од тивок ветер. Во неговата слабоста се сретнува со Бог.

Во средбата помеѓу Илија и вдовицата од Сарепта патер Секундин ќе нагласи дека Бог постојано изненадува и дека пророците „евангелизираат“ преку сиромашните. Методата на размислувањата ќе биде Лектио Дивина, односно молење со Светото Писмо: Преку читањето на Светото Писмо, следува разговор со Бог.

За време на духовните вежби ќе изостанат сите вообичаени активности на Светиот Отец во Ватикан.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот