Папата се сретна со „Старешините“

Папата се сретна со „Старешините“

На 6 ноември 2017 година, попладне, папата Фрањо во аудиенција ги прими членовите на „The Elders – Старешини.“ Станува збор за група глобални лидери кои работат за мир и за човековите права во целиот свет.

„Старешините“ пред десет години ги основа поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мендела, а по повод таа годишнина организирана е кампања „Walk Together – Одиме заедно“, чија цел е да се продолжи долгиот пат на Мендела кон слободата.

Во разговор за Радио Ватикан, двајцата основачи на спомнатата група, поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан и поранешната преседателка на Ирска, Мери Робинсон, која исто така извршуваше должност на висок комесар за човекови права на Обединетите нации, се осврна на средбата со Светиот Отец.

Кофи Анан рече дека на четирите претставници на групата им било важно да дојдат во Ватикан, бидејќи делат многу заеднички интереси и вредности. Истакна дека сакале да се сретнат со папата Фрањо и да разговараат за тоа како можат да соработуваат, како можат да се здружат напорите за одредени прашања.

Поранешниот Генерален секретар на ООН рече дека за време на средбата разговарале за миграцијата, нуклеарното оружје, мирот, посредување и конфликтите, како и за климатските промени и рамноправноста на половите, односно за важноста на жените да им се даде глас и да се почитува нивната улога. Се надевам дека оваа ќе биде првата од многуте средби – рече Кофи Анан.

Поранешната претседателка на Република Ирска, Мери Робинсон рече дека групата дошла да ја изрази својата благодарност заради улогата која ја игра Светиот Отец и заради фактот што тој како „Стрешина“, сака да биде гласот на оние без глас и на маргинализираните, настојувајќи да се соочи со најтешките проблеми на конфликтот. За време на средбата разговарале за земјите како Венецуела и Демократска Република Конго, и за климатските промени, а сите тие се прашања во кои Папата бил ангажиран.

Мери Робинсон рече дека била затечена од толината, приврзаноста и хуморот за време на нивната средба. Ме изненади опуштеноста на Папата, колку се шегуваше – рече, додавајќи дека папата Фрањо со нив се чувствувал како „дома“ додека разговарале за заедничките вредности, заедничките морални намери, заедничките проблеми.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот