Сочувство на Папата за жртвите на одроните во Бразил

Сочувство на Папата за жртвите на одроните во Бразил

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, Папата ја изразува својата близина и ги вети своите молитви за жртвите и исчезнатите во обилните дождови што ја погодија планинската област на бразилскиот град Петрополис.

Бројот на загинати во Бразил, во областа околу градот Петрополис, се зголемува од час во час; одрони и свлечишта следеа по обилните дождови пред два дена, обилните врнежи можат да се споредат со оние во 2011 година, кога загинаа 900 луѓе. Сега има повеќе од 110 жртви и околу 400 луѓе останаа без покрив над главата. По повод оваа несреќа, папата Фрањо испрати телеграма до бискупот Грегори Паиша Нето, потпишана од државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин.

Папата на бискупот му доверува задача да биде гласноговорник на неговата длабока тага поради трагичните последици од лизгањето на земјиштето и изразува сочувство до семејствата на жртвите и утеха на оние кои тагуваат и изгубија сè. Од милосрдниот Отец моли за вечен покој за починатите и утеха на христијанската надеж за целиот народ. Тој ги упатува своите мисли и благослов до повредените, посакувајќи им брзо закрепнување и охрабрувајќи ги оние кои работат на ублажување на болката од оваа искушение.

Ова е болно искушение за земја која веќе претрпе слични катастрофи, во кои бискпите покажаа близина со тоа што ја охрабрија земјата да донира за да се справи со оваа вонредна состојба и да обезбеди помош за семејствата. Властите од вчера продолжуваат со евакуација на повеќе загрозени подрачја поради обилните дождови кои се очекуваат во наредните часови. Во меѓувреме, спасувачите и волонтерите продолжуваат, во калта и меѓу урнатините, да ги бараат исчезнатите, чиј број останува нејасен, со мала надеж дека ќе се најдат живи. Според властите, на целата територија се мобилизирани околу 500 пожарникари на кои им помагаат стотици доброволци.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот