Папата се сретна со претседателот на Меѓународниот Црвен Крст

Папата се сретна со претседателот на Меѓународниот Црвен Крст

Во понеделник 19 октомври 2020 година папата Фрањо го прими во аудиенција во Ватикан претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст Петер Маурер, кој потоа оствари средба и со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.

Зборувајќи за Ватикан њуз после средбата, Маурер ја истакна работата на Меѓународниот Црвен Крст во светот, посебно за време на пандемијата со коронавирусот која ги „истакна и забрза“ веќе постоечките проблеми.

Маурер исто така го истакна приближувањето на ставовите, вредностите и стремежите помеѓу Црвениот Крст и Светиот Престол, посебно во поддршката на жртвите од војни и насилства. Посебно го истакна ставот кој е заеднички на Црквата и Меѓународниот комитет на Црвениот Крст, а тоа е развој на општество кое вклучува и гради мостови.

Поделбите во општеството е болно и со последици, посебно за ранливите, мигрантите, сиромашните, посебно раселените од војни и насилство. Маурер истакна дека насловот на енцикликата „Сите сме браќа“ може да се смета за мото на работата на Меѓународниот Црвен Крст.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот