Ватиканската пошта издаде нови поштенски марки

Ватиканската пошта издаде нови поштенски марки

Во понеделник 22 февруари 2021 година во Ватикан беа пуштени во оптек првите пригодни поштенски марки во 2021 година

Станува збор за два поштенски марки по повод 90-годишнината на Радио Ватикан и 160-годишнината од ватиканскиот полуслужбен дневен весник, Осерваторе Романо. Покрај нив, веќе се достапни марки и од овогодинешниот велигденски мотив, поштенска марка со мотив за Годината на Свети Јосиф и средбата на папата Фрањо со претставници на други религии.

Марката „Радио Ватикан“ со номинална вредност од 1,15 евра покажува историски микрофон, на која во позадина е Базиликата Свети Петар, со номинална вредност од 2,40 евра е поштенската марка со насловната страница на првото издание на Осерваторе Романа од 1 јули 1860 година. Велигденскиот мотив го прикажува Исус наметнат со платно како излегува од гробот, покажувајќи ги раните, дело на украинскиот уметник Витали Штанк вдахновен од Торинското платно.

Мотивите со меѓурелигиски дијалог го прикажуваат папата Фрањо и римскиот главен рабин Рикардо ди Сегњи во 2016 година, потоа со големиот имам на универзитетот Ал Азар Ахмад ал-Тајеб во 2019 година во Абу Даби; со будистичкиот поглавар Сомдет Фра Аријавонг-Сагатанана IX. кон крајот на 2019 година во Банкок и со хиндуистичкиот поглавар Курукала Сива Шри Махадев во 2015 година во Шри Ланка. Серијата на меѓурелигиски средби на Папата ја илустрира пораката на неговата последна енциклика „Fratelli tutti“ дека припадниците на сите религии заедно можат да помогнат во создавањето на подобар свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот