Папата се сретна со архиепископот Герхад Лудвиг Милер

Ватикан, 6.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо на 5 април го прими префектот на Конгрегацијата за наука на верата, архиепископот Герхад Лудвиг Милер со кого разговараше за различни прашања во надлежност на оваа конгрегација. Папата ѝ препорача на Конгрегацијата да продолжи да ја следи строгата линија поставена од папата Бенедикт XVI и да преземе одлучни чекори во врска со случаите за полово насилство врз малолетниците. Светиот Отец ја охрабри Конгрегацијата вниманието да го насочи кон мерки за заштита на малолетниците, помош за жртвите, кривични постапки за сторители и напорите на Епископските конференции за спроведување на дадените насоки за ова прашање. Ова е важно за сведоштвото на Црквата и нејзината веродостојност. Светиот Отец вети посебна молитва за жртвите од насилствата.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<