Папата Фрањо во четврток 10 декември ја бранеше благосостојбата на „христијанското присуство“ во Сирија и во Ирак, повикувајќи ја меѓународната заедница да го поттикнува враќањето на населението кое побегна поради војната.
„Во мислите сум со оние кои мораа да го остават својот дом, бегајќи од стравовите на војната и потрагата за подобри животни услови“ – рече Светиот Отец во видео пораката објавена во четвртокот на 10 декември по повод виртуелниот состанок со педесет католички невладини организации кои делуваат во тој дел на светот.
Папата Фрањо во понеделникот ги изненади сите кога објави дека во март патува во Ирак посебно во Багдад и во Мосул, што е прва посета на еден Папа на таа земја.
Ирак, земја со мнозинство шиитски муслимани имаше до 2003 година 1,5 милиони христијани. Денес речиси се 300.000 до 400.000, наведува невладината организација Хамураби која се ангажира за правата на христијанското малцинство во Ирак.
„Посебно мислам на христијаните кои морале да го остават местото во кое се родени и во кое растеле, каде нивната вера растела и се продлабочувала. Мора да внимаваме христијанското присуство во тие краишта и понатаму да биде она што секогаш било: знак на мирот, напредокот, развојот и помирувањето меѓу луѓето и народите,“ додаде во пораката Папата роден во Аргентина.
Зборувајќи за бегалците кои сакаат да се вратат во татковината ја повика меѓународната заедница да направи сè за да го поттикне тоа враќање, гарантирајќи ја сигурноста и економските услови потребни за негово остварување.“
Папата изразува задоволство со овој виртуелен состанок кој овозможи да „размислиме за тешките проблеми кои и денес ги притискаат саканите народи во Сирија, Ирак и во соседните земји“.
Ватикан њуз/к.мк