Вториот ден од посетата на папата Фрањо на Ирска по повод IX. Светска средба на семејствата во Даблин, започна со посетата на светилиштето во Кнок каде што Папата во присуство на голем број верници ја предводеше молитвата Ангел Господов.
Никој од нас не може да остане бесчувствителен на приказните за малолетниците кои биле жртви на сексуални напади, на кои им била одземена невиноста или биле разделени од нивните мајки и оставени сами во страдањето од болните спомени. Исто така во светилиштето во Кнок, пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо повторно се осврна на „отворената рана“ од сексуалните напади извршени врз малолетници од страна на членови на Црквата во Ирска. Мораме да бидеме цврсто решени во потрагата по вистината и правдата. Се молам за простувањето на Господа за овие гревови, за скандалот и предавството слушнато од многумина во Божјото семејство, и ја потврдувам намерата никогаш да не дозволам такви ситуации да се случат, рече папата Фрањо. Светиот Отец се молеше на Пресвета Богородица, да се застапува за жртвите, за да можат сите да продолжат напред секогаш со правдата и да се поправи тоа толку многу насилство.“
Семејствата треба да се грижат за последните
Во светилиштето, папата Фрањо застана во кратка молитва во параклисот на Објавите, а потоа ѝ остави на Пресвета Богородица една златна Бројаница, знаејќи колку е важна традицијата на „семејната Бројаница“ во Ирска. На Марија, која ги познава радостите и болките на секој дом, папата Фрањо ѝ ги довери сите семејства во светот да бидат „поддржувани во нивните напори да го шират Царството Христово и да се грижат за последните.
Среде ветровите и бурите кои се разбеснети над нашето време, семејствата да бидат бастионите на верата и добрината, според најдобрите традиции на нацијата, да се спротивставуваат на сето она што сака да му наштети на достоинството на мажот и жената создадени според образот Божји – рече папата Фрањо.
Љубов и хармонија во Ирска
Во мислите на папата Фрањо, исто така е и Северна Ирска, за која уверува за својата „љубов и близината преку молитва“. „Со благодарност за екуменскиот напредок и значителното зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете христијански заедници, се молам сите Христови ученици да ги продолжат напорите за унапредување на мировниот процес и градењето на хармонично и праведно општество за денешните деца.“
Прегратка кон сите затвореници
По Богородичната молитва, папата Фрањо упати посебен поздрав до „сите мажи и жени во затворите во Ирска.“
„Ве уверувам вас и вашите семејства во мојата близина и во молитвата. Нека Марија Мајка на милосрдието, биде над вас и ве зајакнува во верата и надежта.“
Ватикан њуз/к.мк