Папата: Секој човек е вреден дар за општеството

Папата: Секој човек е вреден дар за општеството

Папата Фрањо ги повика учесниците на самитот на Г-7 посветен за инклузија на лицата со попреченост да создадат општество во кое достоинството на секој човек е целосно признато и почитувано.

На 14 октомври 2024 година, во Асизи започна министерскиот самит за инклузија на лицата со посебни потреби од земјите на Г7. На настанот учествуваат и претставници на Европската унија, Кенија, Тунис, Јужна Африка и Виетнам. Се разговара за прашања за поддршка на лицата со попреченост. На 16 октомври 2024 година, самитот ја усвои Повелбата од Солфањано (Carta di Solfagnano), која вклучува препораки за понатамошна работа на полето на инклузија на лицата со посебни потреби.

Утрото на 17 октомври 2024 година, папа Фрањо ги прими министрите и делегатите на самитот на аудиенција во Ватикан. Во својот говор тој истакна дека состанокот на Г7 е важен чекор на патот кон поправедно и поинклузивно општество. Светиот Отец истакна дека не треба да се зборува за попреченост, туку за различни способности, бидејќи секој човек има способност да придонесе за развојот на општеството. Тој даде пример за ресторан во кој сите вработени имаат ограничени можности, но одлично си ја вршат работата.

Папата истакна дека главните теми на Повелбата од Салфањано кореспондираат со гледиштето на Црквата за човечкото достоинство. Секој е составен дел од универзалното семејство и никој не треба да биде жртва на културата на отфрлање. Инклузијата на лицата со попреченост треба да биде приоритет за сите земји. Тоа е невозможно без отстранување на бариерите – физички, социјални, културни и верски – истакна Светиот Отец.

Папата повика на промена на јавната свест за лицата со попреченост да се сметаат за целосни учесници во јавниот живот во сите фази на постоењето, од детството до староста.

Човекот никогаш не треба да биде средство, секогаш цел, – потсети Папата. Лишувањето некому од можноста за работа е сериозна форма на дискриминација. „Работата е достоинство. Истото може да се каже и за учеството во културниот и спортскиот живот, рече Светиот Отец, повикувајќи на широка употреба на новите технологии како алатки за инклузија. Тој истакна дека технологијата мора да се користи мудро и да не ја влошува нееднаквоста.

Потребите на лицата со попреченост мора да се земат предвид и во ситуации на хуманитарни кризи, конфликти и климатски промени, кои несразмерно ги погодуваат најранливите. Папата повика на создавање таков систем за предупредување и одговор при итни случаи за да се осигура дека овие луѓе ќе ја добијат потребната помош.

Папата ги охрабри учесниците на состанокот да го продолжат својот пат, вдахновен од верувањето дека секој човек е вреден дар за општеството. „Заедно можеме да создадеме општество каде достоинството на секој човек е целосно признато и почитувано. Господ нека ве благослови и секогаш нека ве придружува на овој важен пат“, рече на крајот Петровиот наследник.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот