Панахида за о. Јоаким Дудаш

Панахида за о. Јоаким Дудаш

Во недела, на 28 октомври 2018 година, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала се служеше Света Литургија со панахида за тригодишниот помен на о. Јоаким Дудаш, поранешен парох на парохијата.

Верниците од Нова Маала, во саботата вечер имаа сеноќно бдение, на накана за сите души во чистилиштето, кои молитви континуирано се преточија и на неделната Литургија особено за душата на покојниот долгогодишен парох во Нова Маала, о. Јоаким Дудаш.

Во Црквата пред иконостасот се наоѓаше пано со слика на покојниот, украсен со цвеќиња и место каде што верниците можеа да запалат свеќи. На крајот од светата Литургија, парохот о. Спасо Ристов измоли панахида за покојниот о. Јоаким Дудаш и за сите други свештеници кои преминале, а служеле во оваа парохија.

Во пригодната проповед од неделното Евангелие кое се однесуваше за богатиот и сиромавиот Лазар, парохот о. Спасо Ристов се осврна и на тоа колку е важно да им излеземе во пресрет на оние кои веќе преминале, особено на оние во чистилиштето, кои очекуваат помош од нас живите овде на земјата.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот