Папата: Свештениците треба да носат благодат на духовно татковство

Ватикан, 26.6.2013 /к.мк/ – Бог сака свештениците во полнина да ја живеат посебната благодат на „духовното татковство за душите кои им се доверени“. Тоа го изјави папата Фрањо во среда 26 јуни, за време на Литургијата која ја служеше во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Заедно со Папата присуствуваа архиереи и свештеници, кои го придружуваа архиепископ на Палермо, кардинал Салваторе Де Џорџи, кој денес слави 60-годишнина од свештеничкото ракополагање, настан на кој Папата посвети големо внимание за време на проповедта.

„Желбата за татковство“ е всадена во длабоката суштина на секој маж, рече Папата. И еден свештеник, не е исклучок, без оглед дека неговата желба е насочена да го живее тоа на посебен начин:

„Кога еден маж ја нема таа желба, нешто недостасува во него. Нешто не оди. За да бидеме исполнети, за да бидеме зрели, мора да ја чувствуваме радоста од татковството: исто така и ние кои сме во целибат. Татковството значи да се даде животот за другите, да се даде живот … За нас, тоа е пастирско и духовно татковство, но значи да се даде живот, да станеме татковци“.

Во своето размислување Папата се задржа на извадокот од книгата  Битие, во кој Бог му ја ветува радоста на стариот Аврам дека ќе има син, истовремено со плодното потомството колку и небесните ѕвезди. (1 Мојсеева 15,1-12.17-18) За да го следи овој завет, Аврам ги следи упатствата добиени од Бог и гради еден жртвеник, кој подоцна станува прибежиште за птиците грабливки. „Возбудливо е, коментира Папата, да се види овој 90-годишен маж со бастун во рака“, кој го штити своето богатство. „Ме тера да мислам на еден татко, кога го брани семејството, децата“:

„Еден татко, кој знае што значи да се заштитат децата. Тоа е голема благодат, која ние, свештениците, треба да ја сакаме: да бидеме татковци. Благодатта на татковството, на пастирско татковство, на духовно татковство. Гревови имаме сите, но тоа е како commune sanctorum: Сите имаме гревови. Но да немаш синови, да не станеш татко, значи дека животот не доаѓа до својот крај: запира на половина пат. Затоа треба да бидеме татковци. Тоа е благодат, која Господ ја дава. Луѓето ни велат: „Оче, оче, оче …“. Така треба, отци, со благодатта на пастирското татковство“.

Во овој момент, погледот папата Фрањо го упати кон кардиналот Де Џорџи, кој славеше 60 години од неговото свештенство. „Јас не знам што правел вредниот Салваторе“, но „јас сум сигурен дека бил татко“. „Тоа е еден знак“, продолжи, свртувајќи се кон големиот број свештеници, придружени од кардиналот. „Сега на вас е редот, поттикнувајќи папата Фрањо истакна: „секое дрво дава плодови и ако е добар плодот и другите плодови ќе бидат исто така добри“.

„Да му благодариме на Господ за оваа благодат на татковството на Црквата, која се пренесува од татко на син … Освен за овие две икони – иконата на Авраам, кој сака да има син, иконата на Авраам со бастун во рака, бранејќи го семејството – заврши Папата – мислам и за уште една: иконата на возрасниот Симеон во храмот, кога добива нов живот: кога прави една спонтана Литургија, Литургијата на радоста, кон Новиот живот. А на вас, Господ нека ви даде денес голема радост“. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<