Папата: Светот секој ден станува сѐ повеќе суров за исклучените

Папата: Светот секој ден станува сѐ повеќе суров за исклучените

Вистинскиот развој во светот го промовира интегралниот раст на мажите и жените, грижејќи се за иднините генерации

Вистинскиот развој вклучува, тој е плоден и упатен кон иднината, додека светот денес секој ден сѐ повеќе припаѓа на елитата и станува сѐ повеќе суров кон исклучените – рече папата Фрањо во видео порака по повод подготовката за претсојниот Светски ден на мигранти и бегалци, кој ќе се одржи на 29 септември, на тема: „Не се работи само за мигрантите“. Одделот за мигранти и бегалци при Дикатсеријата за промовирање на целосен човечки развој, во јули ја предложи темата: „Се работи за тоа, никој да не исклучуваме“.

Комуникацисксата кампања на Одделот за мигранти и бегалци секој месец нуди размислувања, длабинска анализа и материјали за промовирање на пасторални активности на тема Светски ден на мигранти и бегалци, соочувајќи се со разни теми со помош на разни текстови и слики. Првите три обработени теми беа: „Тоа се и наши стравови“ и „Се работи за нашата хуманост“.

За жал земјите во развој продолжуваат да ги исцрпуваат своите најдобри природни и човечки ресурси во корист на неколку привилегирани пазари – рече папата Фрањо. Освен тоа додека од војни се погодени само некои делови од светот, производството и продажбата на оружје се одвива во други земји кои потоа не сакаат да се грижат за мигрантите; не сакаат и не ги прифаќаат бегалците, кои се плод на тие судири.

Често се зборува за мир, но се продава оружје? Можеме ли да зборуваме за лицемерие на тоа подрачје? Последиците секогаш ги трпат малите, сиромашните и најзагрозените кои се спречуваат да седнат на маса и на кои им се оставаат само ронките од гозбата. Исклучивиот развој ги прави богатите побогати и сиромашните посиромашни, а вистинскиот развој во светот треба да промовира интегрален раст на мажите и жените, грижејќи се за идните генерации – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот