Служејќи света Литургија по повод 60 годишнината од Факултетот за медицина и хирургија на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“, папата Фрањо истакна за вистински да Го љубиме Бог треба вистински да се занимаваме со човекот кој живее во болка: треба да делиме, меѓусебно да се поддржуваме; заедничкото напредување е иднината на католичкото здравство. Болницата „Џемели“ во таа пригода на Папата му ги даруваше премногу потребните лекови за Либанон, Судан и Сирија.
Папата Фрањо на 5 ноември повторно беше во болницата „Џемели“ за да си спомне со благодарност на 60 годишнината на Факултетот за медицина и хирургија, остварениот сон на отец Агостино Џемели, но и за да се заблагодари за грижата и наклонетоста кои му беа пружени за време на престојот во болницата во јули ова година. Во текот на светата Литургија која ја служеше на отворено, Папата во проповедта им се обрати најмногу на лекарите докторантите, медицинските сестри и техничарите, охрабрувајќи ги нивната работа да поприми длабоко значење и за да стане едноставно товар, нешто што поминува не оставајќи траг.
Добро е, навечер да се присетиме на лицата со кои сме се сретнале, примените насмевки, убавите зборови – рече Папата. Тоа се сеќавања на љубовта и му помагаат на нашето сеќавање да се пронајде себе. Колку во болниците се важни тие сеќавања! Тие можат на болниот да му дадат смисла. Братски збор, насмевка, милување по лицето; тие се сеќавања кои лекуваат одвнатре, добри се за срцето. Да не ја забораваме терапијата на сеќавањето!
„Сеќавањето“ е еден од трите збора за кои Папата говореше во проповедта која на првиот петок во месецот, денот посветен на Пресветото Срце Исусово, а кој е посветен и на универзитетот, ја фокусираше токму на срцето кое чука, кое нуди милосрдие, кое љуби и зборува, кое дава живот. Тоа е срце кое поттикнува трогнување, способноста која во денешното брзање меѓу илјадниците работи и постојаните грижи ја загубивме – рече Папата и додаде, тоа е загуба на сеќавањето и паметењето.
Без сеќавањето се губат корените, а без корените не се расте. Добро ни се прави да го негуваме сеќавањето на оние кои нас не сакале, се грижеле за нас, нѐ подигнувале. Јас би сакал денес повторно да „благодарам“ за грижата и љубовта кои овде ги примив. Мислам дека во ова време на пандемија добро ни прави потсетувањето и на најтешките периоди; не затоа за да се растажиме, туку за да не заборавиме и да нѐ насочи на одлуки во светло на многу неодамнешното минато.
Вториот збор за кој Папата размислуваше во проповедта е „занес“. Од ранетото срце Исусово избиваат крв и вода; тоа ја покажува големата Божја нежност, љубов, но и колку страдање кошта нашето спасение. Во нежноста и болката, тоа срце открива со што е Бог занесен: од човекот, од оние отфрлените, ожалостените и напуштените; и ни дава да го запознаеме Божјиот стил кој го прави близината, сочувствувањето и нежноста. Кога служиме на оние кои страдаат, Го утешуваме и веселиме Срцето Христово.
Раскинатото Божјо Срце е елоквантно. Говори без зборови затоа што е чисто милосрдие, љубов која е ранета и дарува живот. Тоа е Бог со близина, сочувствување и нежност. (…) Да молиме за милоста ревно да се посветиме на човекот кој страда, да се занесеме со својата служба за Црквата пред зборовите кои треба да ги каже, да го сочува срцето кое чука од љубов. Пред да проговори, нека научи да го чува срцето на љубовта – рече Папата.
Утеха, третиот збор на кој папата Фрањо се осврна во проповедта е силата која доаѓа од оние кои се со нас. Спомнувајќи ја пандемијата и кревкоста која ја предизвика во нас, Папата поттикна да го погледнеме Срцето Исусово кое нѐ охрабрува во тешкотиите, пред бројните неизвесности кои нѐ плашат.
Колку денес има ретки и непознати болести – рече, колку е тешко да се оди во чекор со паталогиите, институциите за лекување, здравството кое навистина е онакво какво што треба да биде, за сите луѓе. Би можеле да се обесхрабриме. Затоа ни е потребна утеха. Срцето Исусово чука за нас во ритамот на зборовите: „Храбро, не плаши се! (…) Твој Господ Бог е поголем од твоите болки, те зема за рака и те милува; блиску ти е, сочувствителен е, нежен. Он е твоја утеха – истакна Папата повикувајќи ги сите да ја прифатиме новата перспектива, да ја гледаме реалноста од големината на Исусовото Срце за да бидеме отворени за другите, подготвени да ги прифатиме оние кои се во потреба и кои ни се блиску.
Да Го молиме Пресветото Срце Исусово за милоста да биде способни да тешиме. Тоа е милост која треба да се бара, додека храбро се ангажираме да се отвориме, да си помагаме, да го носиме товарот на другите. Тоа важи и за иднината на здравството посебно католичкото: треба да делиме, взаемно да се поддржуваме, да одиме заедно напред – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк