Папата: Единството на христијаните е приоритет

Папата: Единството на христијаните е приоритет

Папата на екуменскиот настан во Малме: За нас христијаните е приоритет да се оди во пресрет на отфрлените затоа што ги отфрлила нивната татковина и се маргинализирани во нашиот свет и да се направи допирлива нежноста и милосрдната љубов на Бог кој никого не отфрла туку сите ги прифаќа.

Ние сме свесни дека меѓу нас многу повеќе е тоа што нѐ обединува од она што нѐ разделува – кажа папата Фрањо во текот на екуменскиот настан одржан на 31 октомври 2016 година во Ледената арена во Малме во Шведска, на кој присуствуваа претставници и делегати со христијански вероисповеди. Папата во својот говор одржан по четири сведоштва се осврна на актуелните прашања – од околината до дрмата на бегалците и земјите во кои се водат војни.

Единството на христијаните е приоритет, а да се започне патот за да го постигнеме веќе е голем Божји дар – кажа меѓу останатото Светиот Отец кој во арената пристигна со отворен автомобил, заедно со претседателот и секретарот на Светскиот лутерански сојуз бискупот Муниб А. Јоунан и свештеникот Мартин Јунге и со кардиналот Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните. Во говорот кој го одржа на шпански јазик, Папата му се заблагодари на Господ за таа заедничка комеморација за 500 години од реформата, католиците и лутераните собрани „во духот на заедништвото.“

Нашиот дијалог овозможи да го продлабочиме взаемното разбирање, да поттикнеме на меѓусебна доверба и да ја потврдиме желбата за одење кон потполно заедништво. Еден од плодовите на дијалогот е токму соработката меѓу организации на Католичката црква и Светскиот лутерански сојуз – рече папата Фрањо и истакна дека благодарение на таа нова атмосфера на разбирање, Меѓународниот Каритас и World Service на Светскиот лутерански сојуз (меѓународно призната гранка на Светскиот лутерански сојуз фокусирана на хуманитарната помош и развој) потпишаа заедничка изјава за договорите со цел промовирање на човечкото достоинство и социјалната праведност. Токму тие беа темите за кои Папата говореше на тој екуменски настан.

Нека христијаните бидат доследни на верата и нека го почитуваат создаденото

Потоа Папата Фрањо се осврна на четирите сведоштва изнесени пред неговиот говор. Првото сведоштво го сподели Пранита млада Идијанка која се занимава со околината откако во својата земја ги видела катастрофите предизвикани од поплавите и циклоните. Го делам со тебе вашето запрепастување заради злоупотребите кои ја уништуваат планетата – кажа Папата. Како што добро потсети најтешките последици често се одразуваат на најранливите и оние со најмалку средства кои се приморани да се иселат за да се спасат од влијанието на климатските промени. Како што велат во мојата земја: „На крајот од големата прослава, на крај плаќаат сиромашните“ – кажа Папата истакнувајќи дека сите сме одговорни, а посебно христијаните кои ги поттикна да бидат доследни на верата и да ја негуваат во согласност со создаденото.

Мир во Колумбија: важно е христијаните да бидат обединети заради заедничко заземање

Осврнувајќи се на сведоштвото на монс. Хектор Гавирија директор на Каритас во Колумбија, Папата истакна дека е добра вест да се знае дека христијаните се обединуваат за да поттикнат на заеднички социјални активности за општиот интерес. Барам од вас посебна молитва за таа прекрасна земја, во соработка со сите луѓе конечно да се постигне мирот.

Заземање за децата без родители и оние во бегалците кампови

Многу силно беше сведоштвото на Маргарет Баранкитсе од Бурунди која има посвоено седум деца, а кога започнал да се спроведува геноцид се зазема во организацијата Маисон Шалом за да им помогне на децата без родители и за да подигне генерација способна да го прекине синџирот на насилството. Папата го истакна нејзиното заземање за мир и трудот преку кој илјадници деца можат да се образуваат, да растат и да го зацврстат здравјето. Тој ѝ се заблагодари исто така за нејзиното упорно пренесување на пораката на мирот, дури и во прогонство во Руанда.

Говорејќи потоа за сведоштвото на Роуз Локонјен од Јужен Судан која сега живее во Кенија како бегалец и напоменувајќи дека била член на тимот на бегалците на Олимписките игри, Папата истакна дека знаела да извлече корист од талентите кои Бог ѝ ги дарувал преку спортот вложувајќи ја својата сила во плоден живот и охрабрувајќи ги децата да се вратат во училиште.

Папата Фрањо потоа им се заблагодари на сите влади кои им помагаат на бегалците и раселените лица и на оние кои бараат азил. За нас христијаните тоа е приоритет – да се оди во пресрет на отфрлените затоа што ги отфрлила нивната татковина и се маргинализирани во нашиот свет и да се направи допирлива нежноста и милосрдната љубов на Бог кој никого не отфрла туку сите ги прифаќа. Од нас христијаните денес се бара да бидеме протагонисти на „револуцијата на нежноста“ – истакна Папата.

Драматичната состојба во Сирија и надежта дека секој ќе направи гест на помирување

Последните мисли на Папата се однесуваа на сведоштвото на халдејкиот епископ од Алепо монс. Антоан Аудо. Во Сирија каде што не се почитуваат ниту најосновните права, луѓето кои остануваат таму за да пружат помош навистина – според зборовите на Папата – прават херојски гестови. Навистина е за восхит што ти драги брате и понатаму работиш среде голем број на опасности за да ни ја прикажеш драматичната состојба на Сирииците. Секој од нив е во нашето срце и во нашата молитва – рече Светиот Отец.

Да ја побараме милоста за преобраќање на срцата на оние кои се одговорни за судбината на тие луѓе на тоа подрачје – кажа папата Фрањо и на крајот изрази надеж дека тие сведоштва ќе поттикна за се поголемо единство во делувањето и дека сите враќањето дома ќе ја понесат со себе обврската секој ден да направат гест на мир и помирување за сите да бидеме храбри сведоци верни на христијанската надеж.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк


 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот