Папата сака да ја реорганизира Римската курија

Минхен, 23.4.2013 /к.мк/ – Неодамна папата Фрањо формира група на кардинали, кои ќе го советуваат во управувањето на општата Црква и да го проучат нацртот за реорганизирање на Римската курија. Меѓу кардиналите е и минхенскиот архиепископ кардинал Рајнхард Маркс, кој во интервју за Радио Ватикан рече, дека не е изненаден од одлуката на Папата. За тоа веќе се зборувало на Генералните конгрегации пред конклавата, а јас лично реков дека би било соодветно да се има советници од месните Цркви, а за реорганизација на Куријата треба добро да се размисли. Изненаден сум само што и јас сум во групата на тие кардиали, но така одлучил Папата – изјави кардинал Маркс.

На забелешката дека во групата кардиналите е застапена општата Црква, тој рече дека Папата е биран од сите континенти, па и тие се должни, ако така сака Светиот Отец, да бидат негови советници. Очигледно е дека Папата сака преку оваа група на кардинали да биде застапена општата Црква, а тоа е позитивен знак – рече кардиналот. На прашањето за меѓусебното познавање на кардиналите, изјави дека некои ги запознал во текот на Генералните конгрегации и за време на конклавите. Некои од нив како на пример кардиналот од Киншаса и кардиналот од Марадијагу, ги познавав, бидејќи често се среќававме во Куријата – рече кардиналот, и додаде: Папата упати јасна порака до целата Црква дека сака да има советници и дека сака реорганизација на Куријата. Се надевам дека во тоа ќе биде вклучена општата Црква. Тоа е нов знак на односот на Римската курија со месните Цркви и го сметтам за знак, иако уште не се направени првите чекори – изјави кардиналот.

На прашањето што мисли за новиот Папа, изјави дека сѐ повеќе е уверен дека Господ го дарува. После неговиот избор, сите нѐ изненади тоа доживеавме во текот на конклавата; се прашувавме што ќе се случи сега, иако сите бевме уверени дека изборот беше знак на Светиот Дух. После првите недели на понтификатот, сакам да истакнам дека тоа уверување е остварено. Сите сме оптимисти, исто така и парохиите, насекаде се чувствува новата атмосфера и затоа сум многу радосен – заклучи кардинал Маркс.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<