Повеќе од 1.200 сиромашни лица во салата Павле VI јадеа заедно со папата Фрањо по повод Светскиот ден на сиромашните.
По неделната молитва Ангел Господов, на 19 ноември 2023 година, папата Фрањо ручаше со повеќе од 1.200 сиромашни лица и нивните придружници во салата Павле VI во Ватикан, која за таа прилика беше преуредена во голем и необичен ресторан, за вообичаениот ручек по повод Светски ден на сиромашните. Папата најпрвин го даде својот благослов, заблагодарувајќи му на Бога за „моментот на пријателство, на заедништвото, за храната, за оние кои ја подготвија“.
Украсените маси со бели и жолти цветови беа идеални за фотографии и селфи кои овековечија незаборавен момент на гостопримство, внимание, грижа и љубов за сите оние кои во остатокот од годината живеат на улица, среде рамнодушноста на градот и кој денеска ја поделија трпезата со Папата. Еве го менито, по канелоните наполнети со урда и спанаќ, следуваа ќофтиња, со сос од домати и босилек, пире од карфиол и на крај десерт: тирамису и малку тестенини.
Ручекот, кој беше организиран од Дикастеријата за делење на милосрдие и оваа година е поддржан од синџирот хотели Хилтон, со мени за сите, дури и за оние кои не се христијани и затоа се почитуваа одредени норми за исхрана за нивната религија.
Папата Фрањо пред да си замине ги благослови и им се заблагодари на сите кои придонесоа за организирање и послужување на ручекот, во празнична атмосфера, на оние кои материјално помогнаа тој да се реализира и секако на сите присутни кои го споделија неговиот дух.
Ватикан њуз/к.мк