Папата: Семејството како елоквентен знак на Божјиот сон

Папата: Семејството како елоквентен знак на Божјиот сон

На Генералната аудиенција во средата, на 29 август 2018 година, папата Фрањо се осврна на својата посета на Ирска за Светската средба на семејствата.

Папата Фрањо ја посвети Генералната аудиенција на неговата апостолска посета на Ирска по повод Светската средба на семејствата. „Моето присуство“ во Ирска – рече тој – пред сѐ имаше за цел да ги утврди христијанските семејства во нивниот повик и мисија.

Божјиот сон за семејството

Илјадниците семејства кои учествуваа беа елоквентен знак за убавината на Божјиот сон за целото човечко семејство. Тој сон – продолжи Папата – „е единство, хармонија и мир во семејствата и во светот;“ и Бог ги повикува семејствата „да учествуваат во тој сон и да го направат светот дом каде никој не е сам, никој не е несакан, никој не е исклучен.“

Откако им се заблагодари на сите кои помогнаа во подготовката и остварувањето на настанот, папата Фрањо зборуваше за главните теми на средбата, вклучувајќи ги сведоштвата за брачната љубов на двојките од сите возрасти. „Нивните приказни,“ – рече Папата – нѐ потсетуваат дека брачната љубов е посебен дар од Бог, кој секој ден се огледува во „домашната црква“ која е семејството.“

Папата исто така зборуваше против сегашната „култура на привременост“. Истакнувајќи ја вредноста на комуникацијата помеѓу членовите на семејството од различни генерации, жалејќи дека во културата на отфрлање, бабите и дедовците често се отфрлени. Бабите и дедовците се мудроста, сеќавањето на луѓето, сеќавањето на семејствата – истакна Папата. И тој ги охрабри бабите и дедовците да ја пренесат нивната вера и искуството на внуците; а внуците да разговараат со своите баби и дедовци „со цел тие да ја продолжат нивната приказна.“

Пророчко, охрабрувачко искуство

Резимирајќи го искуството од своето патување, папата Фрањо рече „Светската средба на семејствата во Даблин беше пророчко, охрабрувачко искуство за многу семејства ангажирано на евангелскиот пат на бракот и на семејниот живот; семејства на учениците и мисионерите, квасец на добрината, светоста, правдата и мирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот