Папата испрати телеграма со сочувство до Турција и Русија

Папата Фрањо испрати порака со сочувство на властите во Турција после терористичкиот напад во Истанбул, во кој се убиени 5 лица и се повредни најмалку 39 лица, како и до Русија поради авионската несереќа во Ростов на Дон, во која загинаа 55 патници.

Во телеграмата до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Папата изразува молитвена солидарност и близина со сите кои се погодени од бомбашкиот напад, како и со лицата кои им помагаат на ранетите. За целата земја молеше Божји благослов, а душите на починатите ги препорача на Божјото милосрдие.

Во пораката до руските власти, Светиот Отец изрази сочувство на роднините и пријателите на жртвите од авионската несреќа, загинатите ги довери на Божјото милосрдие, а за оние кои тагуваат моли за Божјите дарови на утеха, сила и надеж.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот