Папата пристигна на Лезбос: Тажно патување

Светиот Отец слета на Лезбос. „Ова патување е означено со тага и тоа е важно: се работи за тажно патување. Одиме да се сретнеме со најголемата хуманитарна катастрофа по Втората светска војна“ – рече папата Фрањо на новинарите за време на летото.

Папата Фрањо на 16 април 2016 година во слета на грчкиот остров Лезбос кратко после 9 часот според средевропското време. Ова патување е малку поинакво од останатите – им рече на новинарите за време на летот. За време на апостолските патувања одиме да правиме мноштво работи: да го видиме народот, да зборуваме… исто така е присутна и радоста за средбата. Ова патување е означено со тага и тоа е важно: се работи за тажно патување. Одиме да се сретнеме со најголемата хуманитарна катастрофа по Втората светска војна. Одиме – и ќе видиме – толку многу луѓе кои страдаат, кои не знаат каде да одат, кои морале да побегнат.

Исто така – додаде – ќе отидеме на гробишта: морето. Толку многу луѓе се удавија во него. Тоа не го кажувам за да предизвикам горчина, не заради огорченост, туку со вашата работа денес да можете да ја пренесете во медиумите состојбата на душата со која одам на ова патување – рече Папата на новинарите.

Главната цел на оваа посета е „да донесам утеха на мноштвото бегалци“ – пишува во телеграмата до италијанскиот претседател Матарели во текот на летот преку воздушниот простор на Италија. Во денешниот твит Светиот Отец пак истакнува: „Бегалците не се броеви, туку луѓе: тие се лица, имиња, истории и како кон такви треба да се однесува.“

Светиот Отец на Лезбос го пречека грчкиот премиер Ципрас, цариградскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот на Атина и на цела Грција Јероним. Разговарајќи со Ципрас папата Фрањо рече дека дојде меѓу останатото да му се заблагодари на грчкиот народ за неговата великодушност. Грција е – според зборовите на Папата – колевка на човештвото и се гледа дека продолжува да дава пример за хуманост и храбро да ја искажува таа великодушност, дури и за време на тешката економска ситуација.

Грчкиот премиер се заблагодари на Папата за неговата порака против војната и на тоа што повикува за прифаќање во момент кога „другите христијански водачи подигнуваат бариери во Европа.“ Како што пренесе патер Федерико Ломбарди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Папата и Ципрас истакнале дека бегалската криза е европски и меѓународен проблем кој бара сеопфатен одговор кој ги почитува европските и меѓународните закони.

Папата кон тоа во разговорот со премиерот ја нагласи потребата за заштита на луѓето кои го ризикуваат животот преминувајќи преку Егејското и Средоземното Море како и борбата против трговијата со луѓе исклучувајќи ги опасните рути и развивајќи сигурни постапи за сместување во Европа.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот