Папата пристигна во Боливија
Папата пристигна во Боливија, втора фаза од неговото Апостолско патување во Латинска Америка. Папскиот авион слета на аеродромот „Ел Алто“ (4 000 м.надморска височина) во Ла Паз во 17.00 часот по локално време (околу 23.00 часот по средноевропско време) со еден час задоцнување од предвидената програма.
На срдечната церемонија за дочек присуствуваа високи црковни и владини претставници, а во поздравниот говор боливискиот претседател Ево Моралес го нарече папата Фрањо „Папа на сиромашните“ со неговата „порака за верата, надежта и ослободување“.
Папата Фрањо ја започнува пасторалната посета на Боливија 27 години по историската посета на свети Иван Павле II. Илјадници верници, деца и индијанци облечени во традиционални разнобојни костуми изразија радост за неговото присуство.
Во својот говор Папата ја истакна „посебната убавина“ на земјата со нејзините ткаенини, долини, амазонски земјишта, етничката и културната разновидност, збир на „автентични народи со илјадагодишна историја и автентични современи народи“ и еден амалгам од 36 идиоми, што претставува едно големо богатство, но и повик за заемно почитување и дијалог“.
„Доаѓам како гостин и поклоник, за да ја утврдам верата на христијаните во Исус, за да бидат квасец за еден подобар свет“, рече Папата објаснувајќи го пасторалниот карактер на посетата. „Како верници на оваа земја, сите сме сведоци на Неговата љубов, да работиме заедно за изградба на едно праведно и солидарно општество“.
Како во Еквадор, така и во Боливија Папата повторно посвети посебно внимание на семејството: „Во ера во која се забележува стремежот да се заборават или да се искриват основните вредности, семејството заслужува посебно внимание од страна на одговорните за општото добро, бидејќи тоа е основната клетка на општеството, што придонесува за здравите врски врз кои се заснова човечкиот соживот, а со воспитувањето на децата се гарантира обновувањето на општеството“.
Црквата, исто така гледа со „пособена загриженост кон младите, кои со својата вера и големи идеали се ветување за иднината“. Насочувањето на младите кон поголеми идеали е „гаранција за иднината на едно општество“, истакна Папата. „Едно општество се зајакнува кога почитува и се грижи за своите возрасни членови; кога ја избира „богатата култура на сеќавањето“, која гарантира на возрасните не само квалитетот на живот во последните нивните години, туку и човечка толпина“.
На крајот Папата истакна дека го доверува своето поклонение во Боливија на заштитата на Пресветата Дева Марија од Копакабана, Царица на Боливија и се моли да ги заштитува своите чеда.
РВ/В.Н.