Папата прими вработени од Италијанската радио телевизија

Држете го високо етичкото ниво на комуникација – ги поттикна папата Фрањо вработените на Италијанската Радио Телевизија, кои ги прими на 18 јануари во аудиенција во далата Павле VI, а по повод 90 години од работата на Италијанското радио и 60 години од работата на Италијанската телевизија. Папата ја истакна добрата соработка помеѓу Италијанската радио-телевизија и Радио Ватикан и Ватиканскиот телевизиски центар, потсетувајќи на најважните настани од минатиот век: Вториот Ватиакнски собор, изборите на папите, погребот на блажениот папа Иван Павле II, големиот Јубилеј.

Италијанскиот народ преку јавниот сервис на италијанското радио секогаш можеше да ги слушне зборовите на Папата, а потоа и да ги гледа и следи главните црковни настани. Папата спомна и за дела на Италијанската телевизија, со карактеристично верски предзнак, посебно филмот на Лучијано Кавани „Свети Фрањо“, како и за филмот на Росалини „Делата на светите апостоли.

Италијанската радио-телевизија беше сведок на промените во италијанското општество, а даде посебен придонес во јазичното и културното обединување на Италија. За сето тоа да му заблагодариме на Бог и да продолжиме со досегашната соработка – поттикна Светиот Отец, а потоа се осврна на вредностите и барањата на јавниот сервис како и на големата одговорност кои ја имаат јавните службеници.

Вас присутните ве потсетувам и сите оние кои од разни причини се отсутни, дека вашата професија е информативна и образовна, дека треба да служи за општото добро, односно за вистината, доброто и убавото – истакна папата Фрањо.

Службеникот на јавна служба треба секогаш да биде свесен за својата одговорност. Етичкиот квалитет во комуникацијата е плод на внимателна совест, не површинска, туку секогаш ги почитува личностите, без разлика дали се работи за објектот на инфиормација или пак им е наменета пораката – рече Папата.

Секој е должен да негува високо етичко ниво во комуникацијата, да избегнува штетни однесувања, дезинформирање, клевета и лага. Посакувам да работите добро, во својата работа да внесете доверба и надеж, за да можете и да ја пренесете, бидејќи е многу потребна – заврши Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот