Патер Гуереро префект на Секретаријатот за економија: Светиот Престол ги намалува трошоците, но не и посланието

Патер Гуереро префект на Секретаријатот за економија: Светиот Престол ги намалува трошоците, но не и посланието

Интервју со исусовецот патер Хуан Антонио Гуереро Алвес префект на Секретаријатот за економија на Светиот Престол го објаснува буџетот за 2021 година: „Планираните трошоци се најниски во поновата историја, но не ги намалуваме службите ниту отпуштаме персонал.“

Планираните трошоци на Светиот Престол за 2021 година се најмали во поновата историја, но заштедите се направени без намалување на службите кои помагаат на посланието на Папата, со задржување на платите и работните места на вработените. Потребна ни е поддршката на верниците – рече исусовецот патер Хуан Антонио Гуереро Алвес, префект на Секретаријатот за економија на Светиот Престол во интервју за Радио Ватикан, објаснувајќи дека кризата ја предизвика пандемијата која е причина за намалување на буџетот во кој очекуваните приходи се многу ниски од оние од 2019 година, односно 30% помалку.

Во ова многу тешко време, околу 50% од буџетот сочинуваат трошоците за вработените. Тој трошок во 2020 година порасна за 2% во однос на 2019 – рече патер Гуереро и истакна дека заштитата на работните места и платата до сега беше приоритет. Мерките кои ги усвоивме за 2020 година се однесуваат драстично на намалување на трошоците за консултации (1,5 милиони), откажување на сите настани кои се закажани за 2020 година, вклучувајќи посети „ad limina“, пленарни собранија, конференции, конгреси и слични настани (1,3 милиони); радикално ограничување на сите патувања (3 милиони); суспензија на планирана набавка на опрема (0,9 милиони); суспензија на работи на обнова на недвижнини кои не се итни или можат да се одложат (4,8 милиони).

Секогаш го истакнувам фактот дека не сме претпријатие, не се обидуваме да оствариме профит – рече патер Гуереро и додаде: Не сме дури ниту држава како било која друга, ниту невладина организација. Искуството покажува дека Црквата без финансиски резерви сепак продолжува да делува и да го спроведува своето послание за навестување на Евангелието, со креативноста која Духот Свети ја вдахнува во историските прилики во кои тоа се случувало. Затоа се надеваме дека тоа нема да се случи. Она што мора да го избегнеме е намерна загуба на средствата или загуба заради лошото управување.

Што се однесува до „Парата на Петар“, таа служи за трошоците за посланието на Светиот Отец, за посланието за единство во љубовта кое тој го извршува преку различни дикастерии – рече префектот на Секретаријатот за економија на Светиот Престол и напомена: Новоста е во тоа што имавме серија години во кои донациите кои ги примавме, вклучувајќи го „Парата на Петар“, не ги покриваа трошоците на тоа послание и последица на тоа се потрошени резервите кои претходно се собрани“. Заради намалувањето на приходите во 2020 година можеме да процениме (завршна сметка имено с ѐуште не е затворена) намалување на резервите за повеќе од 40 милиони. Сега можеме да очекуваме дека тоа истото ќе се повтори оваа година.

Патер Гуереро во разговор за Радио Ватикан се заблагодари на верниците кои искажаа великодушност во оваа многу тешка година. Среде потешкотиите во текот на пандемијата – рече, продолжија да соработуваат затоа што веруваат во посланието на Црквата и сакаат да го поддржуваат Светиот Отец. Новата ситуација која се создаде по појавувањето на болеста Ковид -19 нѐ не загрижи затоа што минатата година на пример многу средби одржавме преку видео конференција и така многу заштедивме. Новата ситуација ја разви нашата креативноста и нѐ натера да учиме. Од друга страна напредувајќи во ефикасноста со малку правиме повеќе за да заштедиме. Ја подобруваме транспаретноста за верниците да знаат што се работи со нивните донации. Ако таа ситуација предолго продолжи, нема да можеме да го задржиме дефицитот, освен со поддршка на верниците.

Зборувајќи за реформата која ја сакаше Папата и која меѓу останатото оди по тоа сите средства од Државниот секретаријат да се префрлат на Управата на добрата на Апостолскиот Престол, префектот на Секретаријатот за економија на Светиот Престол извести дека тоа е извршено, исто така затоа што поголемиот дел од средствата веќе се пренесени. Постои уште мал дел за кој треба да се уредат некои правни работи, но наскоро и тој ќе биде префрлен. Генералниот ревизор спроведува проверка за да ја испита состојбата на различни сметки. Транспаретноста е неопходна и корисна за интерно управување со средствата, за намалување на трошоците за управување и за зголемување на трошоците за посланието. Од друга страна верниците заслужуваат транспаретност мора да знаат како Црквата го троши она што го прима. Тоа за нас е прашање на веродостојност. Први сме кои мора да го покажеме социјалниот морал на Црквата и моралните критериуми кои ги поддржуваме, делуваат и важат. Често се кажува дека Црквата во управувањето со своите средства мора да се прилагоди на меѓународните критериуми. Треба да се стремиме за да станеме меѓународен модел на кој другите ќе се потпираат – рече на крајот патер Гуереро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот