Папата до босоногите Августинци: Корените и традицијата се гаранција за иднината

Папата до босоногите Августинци: Корените и традицијата се гаранција за иднината

Примајќи ги во аудиенција босоногите Августинци, папата Фрањо се осврна на нивната харизма и современост. Никогаш не смееме да се одвојуваме од корените за да бидеме модерни, затоа што тоа би било самоубиство – истакна Папата. Патот со кој може да се допре до срцата на мажите и жените од нашето време е традицијата на вистинското христијанско сведоштво.

Не треба да се одвојуваме од своите корени за да се чувствуваме модерни, а за да им зборуваме на срцата на мажите и жените од нашето време потребно е да дадеме доказ за вистинско христијанско сведоштво засновано на молитвата и обожавањето, но и на понизноста и љубовта кои во денешниот свет одат против струјата – им рече папата Фрањо на учесниците на Генералниот капитул на Редот на босоногите августинци кои на 12 септември ги прими во аудиенција.

Ликот на свети Августин

Папата го спомна одржаниот собир по повод „Годината на харизмата“ и се осврна на корените на верската традиција која ја започнува свети Августин, еден од ликовите кој – како што рече Светиот Отец – дава да се почувствува Божјата привлечност, приближувајќи ги луѓето до Исус Христос и до Господовото Слово. Не се затвора во хоризонтот иако простран, во својот ум, туку секогаш бил отворен за Божјиот народ и за браќата кои со него го делеле животот во заедницата. И како свештеник и како епископ живеел монашки и покрај пасторалните обврски – рече Папата, а по смртта остава голем број машки и женски манастири.

Одвојувањето од сопствените корени би било самоубиство

Папата монасите ги поттикна да сакаат и секогаш одново да ги продлабочуваат тие корени црпејќи од нив во молитвата и заедничкото размислување, животна сила за присуството на босоногите Августинци во денешницата на Црквата и на светот. Има такви кои веруваат дека за да бидеме модерни, потребно е да се одвоиме од корените, а тоа е пропаст – предупреди Светиот Отец и додаде: Затоа што корените, традицијата, се гаранцијата за иднината. Не станува збор за музеј, туку за вистинска традиција, а корените се традицијата која донесува сила за дрвото да расте, да цвета и да донесе плод. Никогаш не смееме да се одвоиме од корените за да бидеме модерни, тоа е самоубиство – истакна Папата.

Силата на Духот

Нивната карактеристика босоноги, босоноги души ја покажува – според зборовите на Папата потребата за сиромаштво, за откажување, доверба во Божјата провидност. Тоа е евангелска потреба која во одредени моменти на одењето на Црквата, Духот дава да се почувствува посилно. А ние треба да бидеме секогаш внимателни и послушни на гласот на Духот; Тој е протагонист, Тој дава Црквата да расте!

Понизноста – клуч кој ги отвора срцата

Осврнувајќи се на четвртиот завет на нивниот ред, на заветот на понизноста, Папата рече дека тоа е „клучот“ кој го отвора Божјото срце и срцата на луѓето. Пред сѐ, додаде ги отвора вашите срца, за да бидете верни на оригиналната харизма, секогаш да се чувствувате ученици – мисионери расположливи за Божјите повици. Понизноста е нешто што не може да се земе во раце: или ја има или ја нема; таа е дар – истакна Папата.

Мисии „ad gentes“

Освен понизноста Светиот Отец ги истакна и мисиите „ad gentes“, вдахнати од Духот, за кои босоногите Августинци секогаш биле подготвени да тргнат веднаш, па и кога тоа послание требало да го платат со животот. Живееме во доба кога мисиите „ad gentes“ се обновуваат исто така преку кризата која е криза на растот, верноста на посланието на воскреснатиот Господ, посланието која ја чува целата негова сила и актуелност. Ви се придружувам во спомен на мисионерите Августинци кои го дале животот за Евангелието во разни краишта на светот. И со задоволство гледам како богатство ги чувате тие сведоштва од минатото за да ја обновите својата раположливост за денешното послание, во облици во кои од нас ги бара Вториот ватикански собор и кои ги бараат сегашните предизвици – напомена папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот