Папата: Невооружени цивили се убиени со снајпер во Газа

Папата: Невооружени цивили се убиени со снајпер во Газа

Еден ден по пукањето од страна на израелската армија во парохијата „Свето Семејство“ во градот Газа, папата Фрањо повторно се помоли за мир во таа земја која страда и ги кажа имињата на жртвите изненадени од трагичниот напад извршен таму „каде што нема терористи, туку семејства, деца, болни и инвалиди, монахињи. Убиени се мајка и нејзината ќерка”

По молитвата Ангел Гопсодов, која ја молеше од прозорецот на Апостолската палата на 17 декември 2023 година, папата Фрањо уште еднаш упати апел во врска со настаните во Светата Земја, еден ден по израелскиот напад на парохијата „Свето Семејство“ во градот Газа, во кој загинаа две жени, мајка и ќерка: Нахида и Самар.

Тага поради смртта на цивилите

Папата со загриженост го следи трагичниот развој на конфликтот на Блискиот Исток. Продолжувам да добивам многу сериозни и тажни вести од Газа – рече тој.

Невооружени цивили се изложени на бомбардирање и пукање. А тоа се случи дури и внатре во парохискиот комплекс „Свето Семејство“, каде што нема терористи, туку семејства, деца, болни и инвалиди, монахињи. Мајка и нејзината ќерка г-ѓа Нахида Калил Антон и ќерката Самар Камал Антон се убиени од снајпер, а други биле ранети додека оделе во тоалет… Оштетена е куќата на сестрите на Мајка Тереза, погоден е нивниот генератор. „Некој вели: „Тоа е тероризам, тоа е војна“. Да, тоа е војна, тоа е тероризам. Затоа Светото Писмо вели дека „Бог прекинува војни… крши лакови и крши копја“. (сп. Псалм 45,9). Да го молиме Господ за мир“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот