Папата прв се пријави за Светскиот ден на млади во Краков

На молитвата Ангел Господов папата Фрањо со симболичен гест, кликнувајќи на таблет кои му го донесоа двајца млади се пријави на Светискиот ден на млади во Краков и ги повика сите млади да учествуваат на тој настан кој ќе започне точно за една година во земјата во која е роден свети Иван Павле II

Пред зборовите посветени на Сирија папата Фрањо се пријави на Светскиот ден на млади во Краков, отворајќи го така пријавувањето за учество на тој настан. Бидејќи ќе се слави во текот на Годината на милосрдието, тој ден во одреден смисла ќе биде јубилеј на младите повикани да размислуваат за темата „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.“ Ги повикувам младите од целиот свет да го проживеат тоа ходочастие дали одејќи во Краков, или учествувајќи во тој момент во милостите со своите заедници – поттикна Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот