На крајот од молитвата Ангел Господов на 31 јули 2022 година Папата се заблагодари на сите кои придонеоса за „покајничкото ходочастие“ во Канада, а потоа повика на преговори за мир во Украина. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.
Драги браќа и сестри!
Вчера наутро се вратив во Рим по шестдневно апостолско патување во Канада. Имам намера да зборувам за ова на Генералната аудиенција следната среда, но сега сакам да им се заблагодарам на сите што го овозможија ова покајничќко ходочасите, почнувајќи од граѓанските власти, поглаварите на домородните народи и канадските бискупи. Од сѐ срце им благодарам на сите што ме придружуваа со своите молитви. Благодарам на сите!
Дури и за време на тоа патување, не престанав да се молам за мачениците и нападнатиот украински народ, молејќи го Бога да го ослободи од злото на војната. Ако објективно гледате на оваа реалност, набљудувајќи ја штетата што војната ја предизвикува секој ден на тој народ, но и на целиот свет, единствено разумно нешто е да се запре и да се преговара. Нека мудроста вдахнови конкретни чекори за мир!
Ве поздравувам, Римјани и ходочасници. Ги поздравувам, на посебен начин, искушеничките Ќерките на Марија Помошничка на христијаните кои се подготвуваат за своите први монашки завети; потоа група членови на Католичка акција од Барлет; млади од Веронската бискупија; младите од Пасторалната единица „ Pieve di Scandiano“, како и членовите на групата „Гонзага“ од Каримат, Монтесолар, Фигино и Новедрате кои поминаа низ Виа Францигена. На празникот Свети Игнатиј од Лојола, испраќам срдечен поздрав до моите собраќа Исусовци. Продолжете го својот од горливо и радосно служејќи му на Господа. Бидете храбари!
На сите ви посакувам пријатна недела. Ве молам, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и догледање!
Ватикан њуз/к.мк