Папата повикува на молитва за жртвите во Дака

Ватикан, 27.4.2013 /к.мк /- Да молиме заедно за жртвите во трагедијата во Дака, Бангладеш. Господ да им дарува на нивните семејства утеха и сила. Оваа порака ја испрати папата Фрањо во сабота 27 април преку неговиот твитер профил на англиски јазик.

Екипите за спасување продолжуваат со расчистување на урнатините од осумкатната зграда која во средата се сруши во градот Дака во Бангладеш. Во оваа трагедија загинаа 332 лица, повредени се повеќе од 1200 лица, а стотици луѓе се наоѓаат сè уште под урнатините. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<