Папата повика на молитва по терористичките напади
Папата Фрањо на пладневниот наговор на 24 јули 2016 година се осврна на евангелскиот дел во кој Исус ги учи ученици да ја молат Оче наш. Исто така повика на молитва по последните терористички напади и ја изрази својата близина на жртвите и нивните семејства.
Нашата душа повторно е потресена од тажните вести за страшните дела на тероризмот и насилството кои предизвикаа болка и смрт. Мислам на драматичните настани во Минхен во Германија и во Кабул во Авганистан каде што многу невини жртви го загубија животот. Изразувам близина на семејствата на жртвите и ранетите. Ве повикувам да се обедините со мојата молитва Господ да вдахне во сите добри одлуки и братство. Колку се повеќе тешкотии прават несовладливите, а можностите за мир и сигурност се темни, толку поупорна треба да биде нашата молитва – рече Светиот Отец по пладневниот наговор.
Пред молитвата Ангел Господов се осврна на денешното Евангелие во кое Исус ги учи учениците да ја молат молитвата Оче наш. Истакна дека зборот Оче е „тајната“ на Исусовата молитва и „клуч“ кој ни дава влез во однос на доверба со Отецот. Христијанската молитва пред сè дава простор на Бог, а тоа го прави со првите два повика на Оче наш – „да се свети името твое“ и „да дојде царството твое“ – рече Папата.
Трите молби за лебот, простувањето и помош во искушенијата ги изразуваат основните потреби. „Не можеме да живееме без леб, не може да се живее без прошка и не може да се живее без Божјата помош во искушенијата“ – рече Светиот Отец. Со молбата за прошка нагласи дека „единствено свеста дека сме грешници на кои бескрајното Божјо милосрдие им дава прошка може да нè направи подготвени за конкретни дела на братско помирување.“
Бог ги познава нашите потреби, но сака да му ги претставиме со смелост и со упорност затоа што тоа е „нашиот начин на учествување во неговото дело за спасение“ – објасни Светиот Отец. „Молитвата е првото и главно „средство за работа“ во „нашите раце“; не служи за „да го увериме Бог, туку за да ја зацврстиме својата вера и трпеливоста.“
Папата напомена дека она најважното за што треба да молиме, а што речиси никогаш не го бараме – е Светиот Дух. Преку Него живееме во мудрост и љубов, вршејќи ја Божјата волја. „Колку би била прекрасна молитвата оваа недела – рече Папата – кога секој од нас би го молел Отецот: „Оче дај ми го Светиот Дух!“ По молитвата Ангел Господ потсети на претстојниот Светски ден на млади во Краков повикувајќи ги верниците со молитва да ја следат неговата посета на Полска и таму собраните млади.
РВ /к.мк