Бог нѐ ослободи од гревовите, кој ги парализираат христијаните: кукавичлукот, страв од сѐ, оневозможува сеќавање, надеж, смелост и трпеливост – рече папата Фрањо на светата Литургија на 27 јануари 2017 година во капелата на домот Света Марта.
Делот од Посланието до Евреите кој го предлага денешната Литургија поттикнува христијанскиот живот да се темели на минатото, сегашноста и иднината. Нѐ поттикнува во прв ред да го памeтиме минатото, затоа што животот продолжува, а не започнува сега. Треба да се сеќаваме на сѐ, добрите и лошите работи, треба целата историја да ја ставаме пред Бог, без сокривање – рече Папата додавајќи:
„Браќа потсетувајте се на вашите поранешни денови:“ дните на ентузијазам и непредување во верата, кога верата започна да се живее, исто така и во тешки искушенија… Христијанскиот живот не може да се сфати, без сеќавањето не може христијански да се живее, сеќавање на Божјите потфати во мојот живот, исто така и неволјите. Како Господ ме избави од тие неволји? Памeтењето е милост за која треба да молиме. Господи не дозволувај да го заборавам твојот зафат во мојот живот, дади да се сеќавам на веселите и лошите моменти, радости и крстови. Христијанинот е човек на сеќавање – истакна папата Фрањо.
Авторот на Посланието до Евреите вели дека „сме на пат очекувајќи нешто“, да стигнеме до една точка, до средбата со Господ. Нѐ поттикнува да живееме според верата. Надежта е гледање во иднината. Како што не е можно христијански да се живее без надеж, исто така не може да се живее без гледање во иднината, без надеж дека ќе Го сретнеме Господ. Писателот вели нешто убаво: „уште малку,“ вели… Животот е еден здив, поминува како здив. Младите мислат дека животот е долг, а животот нѐ учи да говориме: „Колку времето брзо поминува?“ Со надеж за средба со Господ значи да се живее во очекување, значи да се живее во тензија помеѓу сеќавањето и остварувањето на надежта, помеѓу минатото и иднината – рече Папата.
Посланието до Евреите поттикнува на храбро и трпеливо живеење на сегашноста, која често е болна и жалосна: на живеење без страв, без срам, поднесувајќи ги случувања во животот. Грешници сме, вели Папата, сите сме грешници. И покрај тоа, одиме напред, не запираме затоа што нема да растеме – рече Папата.
Авторот на Посланието поттикнува да не се прави грев кој го одзема сеќавањето, надежта, смелоста и трпеливоста. Заради страв од гревот, не се оди напред, а Исус пак вели: „Не плашете се!“ Страшливците назадуваат, се чуваат себе, се плашат од сѐ – рече Папата додавајќи:
Тие мислат дека не е разумно да ризикуваат, треба да се биде разумен, да се покоруваш на заповедите. Сѐ е вистина, но тоа ограничува, оневозможува сеќавање на добиените милости, го одзема сеќавањето и надежта и така оневозможува да се оди напред. Таква е сегашноста на некои христијани тие се како ткаенина која се собира кога ќе се накисне… тесна душа… Малодушноста е грев против сеќавањето, храброста, трпеливоста и надежта. Нека Господ ни го зацврсти сеќавањето и надежта, нека ни даде смелост и трпение, нека нѐ ослободи од кукавичлук, да се плашиме од сѐ… Стиснатите души се чуваат, а Исус вели: Кој сака да го сочува својот живот, ќе го загуби – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк