Папата не служеше света Литургија во капелата на домот Света Марта

Во вторник 10 јуни папата Фрањо не служеше света Литургија во капелата на домот Света Марта, како што беше вообичаено, поради тоа што Светиот Отец не се чувствуваше добро.

Како што пренесува Прес службата на Ватикан, Папата служеше света Литугија приватно, а не со група верници. Сепак неговата агенда предвидена за денес ќе ја исполни, јавува Радио Ватикан. Веќе во понеделникот папата Фрањо откажа неколку аудиенции за да се поштеди.

Светиот Отец по тридневната посета во Светата Земја пред две недели, според набљудувачите изгледаше уморно, но и покрај тоа не зеде никаква пауза.

к.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот