Папата: Не повеќе сираци, туку деца

Исусовото послание кое кулуминираше со испраќањето на Светиот Дух има за цел да го обнови нашиот однос со Отецот, уништен со гревот; да нè изведе од состојбата на сираци и да ни ја врати состојбата на деца – рече папата Фрањо на светата Литургија за празникот Педесетница во базиликата Свети Петар.

Целото дело на спасение е дело на ре-генерација во кое Отецот преку дарот на Синот и Духот нè ослободува од сиромаштијата во која паднавме; состојба чии знаци се покажуваат и во нашето време, во тагата во животот, барањето автономност од Бог, „духовна неписменост,“ како и на други начини – рече Папата.

Сето тоа е спротивставена состојба на деца, кој што е наш изворен повик, за кој сме создадени, нашиот длабок „DNA“ кој бил разрушен, а за негова обнова била потребна жртвата на Единородниот Син. Кој се потопува во неговото таинство се раѓа во полнината за живот на син – рече Светиот Отец.

Ја истакна важноста на Богородичното мајчинско присуство во салата на Педесетница среде заедницата на учениците собрани во молитва. „Таа е Мајка на Црквата. На нејзиното застапништво ги принесуваме на посебен начин сите христијани, семејства и заедници на кои во овој момент најмногу им е потребна силата на Духот“ – рече Папата

„Кој го нема Духот Христов тој не е негов“ – потсети на зборовите на Свети Павле, објаснувајќи дека Светиот Дух ја утврдува нашата припадност кон Исус и нè воведува во нова „динамика на братство.“ Преку Исус можеме да имаме нов однос едни кон други, не повеќе како сираци, туку како деца на истиот добар и милосрден Отец. А тоа менува сè! Можеме да се гледаме како браќа, а нашите разлики само ја множат радоста и восхитот што припаѓаме на тоа единствено татковство и братство“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот