Папата нема да служи свечена света Литургија на празникот Тело Христово

Папата нема да служи свечена света Литургија на празникот Тело Христово

Проблемите со коленото го променија распоредот на активности на Папата во наредните денови и недели.

Папата Фрањо нема да ја предводи светата Литургија и процесија на празникот Тело Христово, соопшти во понеделник 13 јуни 2022 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во соопштението се вели дека одлуката е „поради ограничувањата предизвикани од гоналгија“, односно болки во коленото од што Светиот Отец страда веќе извесно време, како и поради „посебните литургиски потреби“ при славењето на празникот Тело Христово.

Веста пристигна само еден ден откако Папата, кој со недели е во инвалидска количка на јавни настани, се извини за одложувањето на закажаната пасторална посета на Јужен Судан и Демократска Република Конго поради потешкотии со движењето.

Од 2013 до 2107 година, папата Фрањо го следеше обичајот на неговите претходници и служеше света Литургија на празникот Тело Христово во базиликата Свети Иван Латерански, а потоа ја предводеше евхаристиската процесија до базиликата Света Марија Велика.

Во следните години, Папата одлучи да слави света Литургија на празникот Тело Христово во различни римски парохии до пандемија, која пак го принуди Светиот Отец да се откаже од процесијата и да служи света Литургија со ограничен број верници во базиликата Свети Петар во Ватикан.

И покрај проблемите со коленото на Папата, следната планирана пасторална посета на Канада од 24 до 29 јули сè уште не е откажана, па лекарите изгледа се надеваат дека папата Фрањо сепак би можел да биде подготвен за патувањето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот