Папата на Твитер: Драги млади бидете оружје на мирот и радоста

Папата на Твитер: Драги млади бидете оружје на мирот и радоста

На 25 март 2018 година, папата Фрањо со своите следбеници на Твитер сподели три кратки размислувања.

Во првата порака која ја објави, потсети: Влегуваме во оваа Страсна седмица со Господ Исус за да го славиме Велигден со срце кое е обновено со милоста на Светиот Дух. Втората твитер порака Светиот Отец ја напиша по повод Светскиот ден на млади кој оваа година се одржува на бискупско ниво. Папата ги охрабри со следните зборови: Драги млади, никогаш да не се изморите да бидете оружје на мирот и радоста меѓу своите врсници!

Третата твитер порака папата Фрањо ја напиша по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на ропството и прекуокеанското испорачување на робови. Светиот Отец го упати следниот повик: Ве молам заедно да се бориме против злосторството на искористување на луѓето кое продолжува да предизвикува непоправлива штета.

Додаваме на крајот според одлуката на Организацијата на Обединетите нации од 2008 година, спомнатиот ден се одбележува со цел потсетување на јавноста на таквите облици на грубо кршење на основните човекови права и трговијата со луѓето, кои биле чести во претходните историски периоди, како и на потребата за развивање на законодавни и на сите други облици кои ќе спречат такви и слични ситуации да се повторат во иднината.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот