Папата на светата Литургија: Богородица брза да ни помогне

Рим, 26.5.2013 /к.мк/ – Во недела 26 мај на празникот на Пресвета Троица папата Фрањо по скоро два месеци го напушти Ватикан и се упати на својата прва пасторална посета во парохија од Римската епархија. Пристигнувајќи во парохијата „Света Елисавета и Захарија“ Папата беше пречекан со големо воодушевување, а 16 деца од оваа парохија примија од неговите раце Прва Причест.

Папата обраќајќи се на децата и на сите присутни ја истакна важноста на молитвата до Богородица. Марија, рече Светиот Отец секогаш брза да ни помогне, учејќи не да го разбереме Бог. Таа беше таму, додаде Светиот Отец, за да и помогне и на нејзината роднина Елисавета кога таа го очекуваше своето дете, и таа секогаш е тука кога ни е потребна.

Во својата проповед папата Фрањо говореше за Светата Троица и потполно ја посвети на децата првопричесници. Папата ги праша: кој е Бог? Како може да се разбере, дека е со три лица, а сепак еден?

Бог е еден. Но што е со лицата, која е нивната улога? Отецот го создава светот и дарува живот, Исус го откупува и го спасува светот, тој е со нас, не води и ни помага – исто и при домашните задачи, а Светиот Дух дарува љубов.

По завршувањето на светата Литургија Светиот Отец се врати во Ватикан за моливата Ангел Господов. (Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<