Папата на Генералната аудиенција: Црквата е католичка и апостолска
Светиот Отец на Генералната аудиенција на 17 септември зборуваше за делот од Символот на верата во кој исповедуваме дека веруваме во Црква која е католичка и апостолска. Но, кое е вистинското значање на овие две карактеристики на Црквата и која вредност ја имат за христијанската заедница и за секој од нас – праша Папата? Католичка значи универзална, сеопшта, а потполна и јасна дефиниција ни нуди еден од црковните оци – свети Кирил Ерусалимски: Црквата е, без сомнение католичка, што значи сеопшта и тоа затоа што е распоредена насекаде; од едниот до другиот крај на земјата; и бидејќи општо и правоверно ги научува сите вистини кои би требало да допрат до човечката совест, без разлика дали во поглед на небесните, дали во поглед на земските работи. (Катехеза XVIII, 23)
Видлив знак на католицитетот на Црквата – продолжи Светиот Отец – е и тоа што таа зборува на сите јазици, тоа е силата на Педесетница (Дела 2,1-13): Всушност Светиот Дух е Оној Кој ги оспособи апостолите и Црквата за до крајот на земјата ја пренесат Радосната вест за спасението и Божјата љубов. Црквата е како католичка родена и не може да биде ништо дрго освен католичка предвидена за евангелизација и за средба со сите.
Тоа значи дека е родена на излегување, дека е мисионерска. А тоа го искажуваме со изразот апостолска. Тоа нè потсетува дека Црквата е – на темелите на апостолите и го продолжува нивното дело – испратена на сите луѓе да им го навести Евангелието, која ги следи знаците на Божјата нежност и сила – рече папата Фрањо.
Тоа исто извира од настанот на Педесетница: Светиот Дух го надминува секој отпор и го совладува искушението на затворање во себе, како и тоа да се сметаме за еднствени наследници на Божјиот благосолов. Светиот Дух е Тој Кој нè води во пресрет на браќата, па и оние најодделените (во секој поглед), за заедно со нас да бидат учесници во љубовта, мирот и радоста, даровите на воскреснатиот Господ. За нашите заедници и за секој од нас да бидеш член на Црквата која е католичка и апостолска значи: да примиш на срцето спасение за сите луѓе (целото човештво); да не се чувствуваме индеферентни или странци пред толку наши браќа туку кон нив да бидеме отворени и солидарни: Тоа значи да имаме чувство за полнина, за потполност, за согласност со христијанското живеење, трајно отфрлање на делумноста и едностраноста кои прават да се затвораме во себе. Да бидеш дел од апостолската Црква значи да бидеш свесен дека нашата вера е заснована на навестувањето и сведочењето на апостолите; и затоа трајно се чувствуваме испратени, во заедништво со наследниците на апостолите, со срца исполнети со радост да го навестуваме Христос и Неговата љубов на целото човештво – истакна Светиот Отец и собраните верници ги поттикна заедно со него да го замолат Господ во нас да го обнови дарот на Својот Дух, за секоја христијанска заедница и секој христијанин човек да бидат израз на Светата Мајка Црква, католичка и апостолска.
На крајот на Генералната аудиенција Папата потсети на своето патување во Албанија, во недела 21 септември. Следната недела со Божја помош патувам во Албанија. Одлучив да ја посетам таа земја бидејќи многу претрпе заради ужасниот атеистички режим, а сега остварува мирољубив соживот меѓу разните верски заедници. Веќе од сега од срце му благодарам на албанскиот народ за подготовката за ова посета. Ве молам сите да ме придружувате со молитва по застапувањето на Богородица од добриот совет. Благодарам! – рече папата Фрањо.
РВ/Д.И.