Од проповедта на Папата: Бог спасува во Црквата, во својот народ

По новиот пат кој го отвори Исус не одат оние кои ја присвојуваат верата, затварајќи се во елитни групи кои ги презираат другите – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 29 јануари во капелата на домот Света Марта.

Коментирајќи го читањето од Посланието до Евреите, Папата рече дека Исус е „новиот и жив пат“ по кој мора да одиме „следејќи ја Неговата волја.“ Има погрешни облици на христијанско живеење; постојат „мерила за да не се следат погрешните начини на живеење, а еден од нив е узурпирање на спасението“ – истакна Светиот Отец.

Вистина е Исус сите нѐ спаси, секого по име, тоа е лично спасение. Господ навистина ме спаси, ме погледна, својот живот го жртвува за мене, ми ја отвори вратата на спасението, нов пат за мене; секој би можел да каже: „за мене“. Но, би можело да се заборави дека поединечно спасува, но во народот. Господ секогаш не спасува во народот – рече Папата.

Штом го повика Авраам му ветил дека од него ќе направи голем народ; Господ нѐ спасува во народот. Затоа авторот на Посланието до Евреите вели: Да внимаваме едни на други! Не постои спасение само за мене. Ако така го сфаќам спасението, грешам; одам по погрешен пат. Узурпирањето на спасението е погрешен пат – рече Светиот Отец.

Три мерила се спротивни на присвојувањето на спасението: „верата во Исус која прочистува“, надежта „која го насочува нашиот поглед кон ветувањата и не води напред“ и „ефикасната љубов:“ взаемната внимателност едни за други да се поттикнуваме на љубов и добри дела. Кога сум во парохијата,  без разлика во која, јас сум тука можам да го узурпирам спасението и само бројчано да припаѓам на заедницата – предупреди папата Фрањо додавајќи:

Но, за да не го узурпирам спасението, самиот себе морам да прашувам, зборувам и да ја навестувам верата; дали зборувам и ширам надеж: дали вршам, зборувам и ширам ефикасна љубов“? Ако не се зборува во некоја заедница, ако еден на друг не се помага во тие крепости, тогаш припадниците на таа заедница ја узурпираат верата. Секој се грижи за своето спасение, не води грижа за спасението на сите, за спасението на народот. А Исус е во народот, во Црквата, секого спасува – објасни Папата.

Авторот на Посланието до Евреите – продолжи Папата – дава многу важен практичен совет: „не изостанувајте од собранијата, како што некои имаат обичај.“ Тоа се случува кога на некое собирање – во парохијата и во групи – ги осудуваме другите, кога се применува некој вид на презир кон другите. Не е тоа врата, не е тоа нов и жив пат кој Господ го отвори – рече Папата додавајќи:

Таквите ги потценуваат другите; не доаѓаат на заедничките состаноци, го избегнуваат Божјиот народ; си го присвоиле спасението: спасението е нивно и на нивните групи, а не за целиот народ. Тоа е многу голема заблуда, а тоа е она што го гледаме и нарекуваме „црковна елита“. Кога во Божјот народ некои мислејќи дека се добри христијани, добронамерно основаат такви групи тие всушност го узурпираат спасението – предупреди папата Фрањо.

Бог нѐ спасува во народот, а не во елитата која сме ја создале со своите филозофии и со своите сфаќања на верата. Тоа не е Божја милост. Затоа Папата повика на испит на совеста: се стремам ли кон узурпирање на спасението, за себе и за својата група, за својата елита или секогаш сум во Божјиот народ, не се одделувам од него, секогаш сум во заедницата, во семејството: со говорот за верата, надежта и ефикасната љубов? – истакна Папата.

Завршувајќи ја проповедта Папата го молеше Господ да ни даде милост секогаш да се чувствувам Божји народ и лично спасени. Вистина е дека Бог нѐ спасува поединечно, но во народот, а не во групите кои за себе ги создавам – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот