Папата миропомаза тешко болно момче
На 10 септември во весникот Осерваторе Романо се објавени детали за посебните средби на папата Фрањо по повод Јубилејната аудиенција. Истакнати се средбите со тешко болниот Џузепе Чиколо, кој има 16 години и се бори со рак. Џузепе пред неколку дена му пиша лично на Папата, изразувајќи желба да се сретне со него. Папата Фрањо во оваа прилика, пред самата аудиенција му ја подели светата Тајна миромазание. На средбата биле присутни и родителите на детето, капеланот во болницата, заменик директорот на Каритас Фиренца, како и волонтери од „Милосрдие“, кои му овозможија превоз со болничко возило од Фиренца.
После аудиенцијата Папата посебно ја поздрави и Лаура Салафи, случајна жртва на улично пукање во Катанија, на Сицилија, која и покрај тешката повреда и парализата, стана сведок на простување, надеж и желба за живот. Папата својот поздрав го упати и до претставниците на универзитетската заедница, која на посебен начин се вклучи во прославувањето на јубилејот. Во таа прилика Папата истакна дека милосрдието и знаењето мора да одат рака под рака, како би се исполниле зададените цели за обнова на општеството.
РВ/к.мк