Папата : Малите земјоделци да добијат праведен надомест

Благодатите на Божјиот дар треба да бидат на располагање на сите. Така папата Фрањо ја опиша земјата во видеопораката за молитвената накана на Апостолатот за молитва за месец април 2016 година. Папата упати посебни мисли за земјоделците.

Објавено е видеото за општата молитвена накана на Папата за април: Малите земјоделци да добијат праведен надомест за својата вредна работа. Видеоснимката е резултат на иницијативата која ја поттикна Папската молитвена мрежа за да помогне во ширењето на месечните молитвени накани на Светиот Отец.

„Фала ти мал земјоделецу. Твојот допринос е важен за целото човештво. Како личност дете Божјо заслужуваш достоинствен живот“ – рече папата Фрањо. „Меѓутоа се прашувам: каков е надоместот за твоите напори?“

„Земјата е Божји дар. Не е праведно да се искористува од неколкумина лишувајќи ги од поголемиот дел од нивните права и добра. Би сакал тоа да го земеш в предвид и да го обединеш својот глас со мојот во оваа накана: Малите земјоделци да примат праведен надомест за својата вредна работа“ – кажа Папата во видео снимката.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот