Папата: Мажите и жените заеднички да се вклучат во борбата против трговијата со луѓе

Папата: Мажите и жените заеднички да се вклучат во борбата против трговијата со луѓе

Во видео пораката по повод Светскиот ден на молитва и размислување со цел сузбивање на трговијата со луѓе, кој се одбележува на 8 февруари, Папата уште еднаш предупреди на насилството во светот, особено врз жените и девојките. Илјадници, рече Папата, се принудени на присилни бракови и на домашно и трудово ропство поради моделите на односи засновани на дискриминација и подреденост. Папата Фрањо ги повика сите, мажи и жени, да не престанат да се бунтуваат против оваа реалност.

Насилството што го трпи секоја жена и секоја девојка е отворена рана на телото Христово, на телото на целото човештво – рече папата Фрањо во видео пораката за Светски ден на молитва и размислување за борба против трговијата со луѓе, а е по иницијатива на Меѓународната унија на генералните поглаварки и Унијата на генералните поглавари и во координација на меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе Талита Кум. Неопходно е да се запре ова насилство – напоменува Папата и ги охрабрува исто така и мажите да се бунтуваат против сите форми на експлоатација.

Илјадници жени жртви на експлоатација и дискриминација

Во видео пораката со која започнува попладневната програма на онлајн молитвениот маратон , организиран по повод овој Светски ден, Папата потсетува на темата избрана за оваа година, која ги става жените во центар. Илјадници жени и девоки се подложени на повеќе форми на експлоатација, вклучувајќи принудни бракови и домашно и трудово ропство. Ова ги открива драматичните последици од моделите на односи засновани на дискриминација и подреденост, рече Папата, цитирајќи ја енцикликата Fratelli tutti. Организацијата на општествата во целиот свет сѐ уште се далеку од јасниот одржлив факт дека жените имаат еднакво достоинство и еднакви права како и мажите. За жал, се потврдува дека двојно жените се сиромашни и трпат исклучување, вознемирување и насилство, бидејќи честопати имаат помалку можности да ги заштитат своите права.

Мора да се укине системот на доминација и насилство

Папата Фрањо потоа истакнува колку многу трговијата со луѓе насилно ги става жените и девојките во улога на подредени, наменети за домашни или сексуални услуги, а покрај тоа – според Папата – и денес се предлага образец на односи обликувани според моќта на машкиот род над женскиот. Трговијата со луѓе е насилство! Насилството што го трпи секоја жена и секоја девојка е отворена рана на телото Христово, на телото на целото човештво; тоа е длабока рана која го погодува секој од нас. Има многу жени кои имаат храброст да се побунат против насилството. И ние мажите сме повикани да го сториме тоа, да кажеме „не“ на секое насилство, вклучително и на жените и девојките. Заедно мора да се бориме за правата на секој човек, во нивната специфичност и различност – рече Папата.

Заедничка грижа на мажите и жените

Патот на промената и исцелението што ни го покажа Света Бахита покажува дека сѐ е можно доколку дозволиме да се преобразиме со грижата, со која Бог ја има за нас – рече Папата. Оваа грижа ја прави милосрдието, што исто така нè прави способни да ги прифатиме другите како браќа и сестри. Според Папата, првиот чин на грижа е признавањето на достоинството на секој човек, а грижата за другите им прави добро на сите, на оние кои ја даваат и на оние кои ја примаат, бидејќи воспоставува взаемност.

Ја охрабрувам секоја жена и секоја девојка која е посветена на промени и се грижи, за училиштето, семејството, во општеството. И го охрабрувам секој човек и секој млад човек да не остане надвор од овој процес на промена, мислејќи на примерот од добриот Самарјанин, човек кој не се срами да се наведне над својот брат и да се грижи за него. Грижата за другите е Божјо дејствување во историјата, во нашата лична историја и во историјата на нашата заедница. (…) Заедничка грижа на мажите и жените е апелот за денешниот Светски ден на молитва и размислување со цел сузбивање на трговијата со луѓе; заедно можеме да развиеме економија на грижа и со сите сили да се спротивставиме на секој облик на експлоатација на трговијата со луѓе – рече Папата.

Видео пораката завршува со силно охрабрување од папата Фрањо да не престанеме да се бунтуваме против насилството, и од ден на ден да наоѓаме сила решително да вклучиме во оваа област, не попуштајќи пред ароганцијата на насилството, парите и моќта.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот