Папата: Културата на приближување ја победува културата на исклучување

Близината со другиот ги надминува бариерите на националноста, на социјалната поделба на религијата. Ова го истакна папата на 30. Меѓународна конференција на Папскиот совет за здравствените работници, одржана на тема „Културата на здравјето и прифаќањето во служба на човекот и планетата“.

Папата го осуди општеството кое исклучува и т.н. „медицина на желбите“, која бара совршенство по секоја цена.

Дваесет години по нејзиното објавување, папата Фрањо потсети на енцикликата „Евангелието на животот“ на свети Иван Павле II и на она што е содржано во неа: охрабрувањето на културата на здравјето, односно на почитување на животот, сфатено како прифаќање, сочувство, разбирање и простување“ и кое го наоѓа своето незаменливо остварување во грижата за оние кои страдаат со телото и духот“.

Близината ја руши секоја една бариера

Задржувајќи се на претстојниот јубилеј на црквата, Светиот Отец повика сите да бидат спроводници и сведоци на милосрдието и на учесниците на Конференцијата им Го посочи Исус Христос како пример на емпатија кон болните, одбиените, грешниците, разгневените, сиромашните, странците:

„Интересно е дека сите овие, во денешната култура на исклучување, се поттурнати, оставени се настрана. Тие немаат никакво значење … што значи тоа? Дека културата на исклучување не му припаѓа на Исус! Таа не е христијанска! Таа емпатија со својот ближен, која е вистинска, а не површна – прави да го почувствуваме како дел од нас, дури и непријателот е дел од мене, како брат – таа ги совладува сите бариери на националноста, на социјалната поделба врз основа на религија … како нѐ учи и „Добариот Самарјанин“ од евангелската парабола.

Близината ја совладува и културата на исклучување, која доминира во развиените земји, која ги оценува луѓето врз основа на уталитарни критериуми, од социјална и економска гледна точка. Менталитет, кој е близок на таканаречената „медицина на желбите“:

„Се пораспространети се случаите во развиените земји, кои се карактеризираат со потрага по секоја цена на физичко совршенство, на илузијата за вечна младост; случаи, кои прават некои да бидат исклучени или „неефикасни“ луѓе, луѓе кои се сметаат за товар, за пречка“.

Тесна врска помеѓу здравјето и одговорност за Создаденото

Папата Фрањо истакна дека да се биде сочувствителен значи исто така да преземеме одговорност за Создаденото и Општиот дом и да бидеме бранители на повикот за човечко достоинство, кој го упатуваме претежно за најсиромашните и отфрлените:

„Ве охрабрувам секогаш да ја имате на ум, во вашата работа, состојбата на оние луѓе, кои во најголема мера ги трпат штетите предизвикани од деградацијата на животната средина – сериозни штети, кои често се одразуваат на здравјето“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот