Папата: Кој е денес мојот ближен?

Папата: Кој е денес мојот ближен?

„Како христијани и луѓе со добра волја повикани сме сега да делуваме,“ стои во пораката на папата Фрањо до учесниците на националната средба на народни движења во американскиот град Модесто во Калифорнија која се одржува од 16 до 18 февруари 2017 година.

Кризата на парадигмата која преовладува ги изненади сите, но таа не започна вчера. „Зборувам за системот кој предизвикува огромно страдање на човечкото семејство, истовремено напаѓајќи го човечкото достоинство и нашиот заеднички дом за да ја одржи невидливата тиранија на парите која гарантира привилегии само за мал дел,“ порача Папата.

Кога еднаш ќе се започне, процесот на дехуманизација тешко е да се смени – истакна Светиот Отец, додавајќи дека е потребно да се препознаат знаците на времето за да можеме да делуваме. „Изгубивме скапоцено време,“ се пожали папата Фрањо и истовремено предупреди да не дозволиме стравот да нѐ парализира или конфликтите да нѐ попречат. Имено, мораме да ги препознаеме опасностите, но и можностите кои ги донесува кризата.

Повикувајќи се на Евангелието според Лука, Папата се запраша кој е денес мојот ближен; кој е тој друг кој треба да го љубам како самиот себе (Лк 10, 25-37). Светиот Отец објаснува дека е најверојатно книжникот кој го поставил прашањето, очекувал убав одговор. Можеби мислел дека одговорот ќе се однесува на негов роднина, сонародник или припадник на неговата вера. Можеби од Исус очекувал дека ќе го ослободи од должноста да ги љуби странците и поганите. Папата Фрањо рече дека тој човек сакал јасно правило кое би му дозволило луѓето да ги вбројува во „ближни“ и „не ближни.“

Исус одговара со параболата за милосрдниот Самарјанин, односно во центарот го поставува милосрдието, сочувството и емпатијата. Притоа не станува збор за некои не јасни чувства, туку тоа значи да се направат сите можни чекори за да се приближиме на другиот до точка на поистоветување со нив. Глобализираното општество често гледа на другата страна, глумејќи невиност – предупреди Светиот Отец и додаде дека трпењето на другиот се прикажува во живо на телевизија, се зборува за нив користејќи се еуфемизми, но ништо систматски не се прави за да се исцелат социјалните рани, ниту да се соочи со структурите кои толку браќа и сестри ги оставаат покрај патот.

Папата во својата порака предупреди на „моралното слепило“, рамнодушноста кон другите. Раните се реални, невработеноста е реална, насилството е реално, корупцијата е реална, кризата на идентитетот е реална, деградацијата на демократијата е релна. Но, тоа не може засекогаш да се негира, а потоа тие истите кои ја предизвикале таа состојба настојуваат да предизвикуваат страв и несигурност меѓу луѓето за одговорноста за сите тие проблеми да се префрли на „не ближниот.“

Светиот Отец истакна дека еколошката криза е релна. Потврди дека сфаќа како науката не е единствениот облик на знаење, а вистината исто така не секогаш е „неутрална.“ Но, исто така потсети дека негирањето на науката и занемарувањето на гласот на природата може да има лоши последици. „Времето истекува. Потребно е да се делува. Ве повикувам сите вас да го заштитите создаденото,“ стои во пораката.

Папата Фрањо исто така порача дека ниту една религија не е терористичка, ниту еден народ е злосторнички. Во сите народи и религии постојат фундаменталисти и насилни луѓе, со нетолерантното генерализирање тие стануваат, затоа што се хранат со омраза и ксенофобија. Ако на теророт се спротивставиме со љубов, работиме за мирот – стои на крајот од пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот