Папата и Роналдињо најавија „Фудбалски натпревар за мир“

Вредноста на образованието за хармонија на човекот. Тоа е акцентот во зборовите на папата Фрањо за време на средбата, која се одржа на 3 февруари во Ватикан, со Папската фондација Scholas Occurentes.

Оваа меѓународна мрежа на училишта потекнува од Аргентина по барање на тогашниот архиепископ на Буенос Аирес, Хорхе Марио Бергољо. Фондацијата го промовира образованието преку поврзаноста меѓу спортот, науката и технологијата. Некои од иницијативите на Scholas Occurentes беа претставени од познатиот бразилски фудбалер Роналдињо.

„Хармонија“ е збор кој Папата го истакнуваше постојано во своето обраќање, бидејќи – посочи тој – „кога се зборува за образование, треба да се зборува за целото богатство на човековата личност. Пред сè човек кој го открива достоинството на љубовта. Затоа, хармонија и креативност“, истакна Папата. Според Светиот Отец, уметноста, спортот, културата и музиката се патиштата низ кои минува образованието и формирањето на човек против секое социјално, економско, политичко и културно исклучување. Папата цитираше една девојка од Мадрид, која присуствуваше на состанокот: „Таа истакна: Ни велат секогаш дека ние младите сме иднината, но во реалноста сме сегашноста, зашто денес треба да се научиме на вредностите, за да живееме во иднината“.

На средбата Папата најави два важни настани кои ќе се одржат, идниот на 7 мај, боксерска средба меѓу католик и муслиман во Лас Вегас и на 29 мај фудбалски натпревар за мир на Олимпискиот стадион во Рим.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот