Видео: Молитвена накана на Папата за ноември

Видео: Молитвена накана на Папата за ноември

Во молитвената накана за месец ноември Папата повикува на молитва за државите кои прифаќаат раселени лица и бегалци.

Видео-пораката на Папата за месец ноември содржи „посебна накана.“ „Можели една држава сама да се соочи со проблемите на присилната миграција?“ прашува Папата и поттикнува да се оттргнеме „од рамнодушноста и стравот за прифаќање на другиот“, затоа што „тој друг може да бидеш ти… или јас.“ На крајот ги повикува верниците да се молат на следната накана: „Земјите кои прифаќаат голем број раселени лица и бегалци да пронајдат поддршка за своите напори со кои покажуваат солидарност.“

Видео-пораката со македонски титлови погледнете ја овде:

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот