Да заврши страшното насилство посебно во Сирија и Ирак во кои се водат конфликти кои ниту една причина не може да ги оправда или дозволи – е желбата која Папата ја изрази на средбата со католикос Мар Геваргис III патријарх на Асирско источните Цркви и неговата придружба.
Да заврши страшното насилство посебно во Сирија и Ирак во кои се водат конфликти кои ниту една причина не може да ги оправда или дозволи и во кои нашите браќа и сестри, а и другите се принудени секојдневно да трпат – е желбата која Папата ја изрази на средбата со католикос Мар Геваргис III патријарх на Асирско источните Цркви и неговата придружба.
Дарот на мирот за Блискиот Исток, да се стави крај на големите страдања и öekorewe кон полно заедништво на христијаните – е молитвата на папата Фрањо во текот на моментот на собраност во капелата Redemptoris Mater во Апостолската палата пред која се задржаа во приватен разговор со патријархот на Асирско источните Цркви. Посебни мисли потоа упати за Сирија и Ирак.
Запрепастени сме од сѐ што се случува во тие земји – reöe Папата. Таму стотици илјади невини деца, жени и мажи се подложени на страшно насилство на крвавите конфликти кои ниту една причина не може да ги оправда или дозволи. Таму се нашите браќа и сестри христијани како и разните верски и етнички малцинства за жал навикнати на секојдневното трпење на големи искушенија.
Секој ден гледаме христијани – рече Папата – кои поминуваат крстен пат, следејќи ги трагите на Исуса кој со својот крст нѐ помири; тие се примери кои нѐ поттикнуваат во секоја прилика да останеме со Господ, да го прегрнеме Неговиот крст, да се довериме на Него затоа што Христовото присуство и во несреќата нѐ повикува да не се измориме да ја живееме неговата порака на љубовта, помирувањето и простувањето. Тоа го учиме од мачениците и од оние кои сѐ уште и денес па и по цена на животот остануваат верни на Господ и со Него го победуваат злото со добро.
Благодарни сме им на тие наши браќа кои нѐ поттикнуваат да го наследуваме Исусовиот пат за да го победиме непријателството – истакна папата Фрањо. Како што Христовата крв пролеана од љубов помирила и соединила, давајќи да никне Црквата, така крвта на мачениците е семето за единството на христијаните. Таа нѐ повикува со братска љубов да се потрошиме за заедништво.
Папата потоа се осврна на цврстата братска врска која веќе постои помеѓу Католичката Црква и Асирско источните Цркви засилени во последно време со – како што reöe Светиот Отец – многу милата и скапоцена посета на патријархот. Многу важни чекори веќе се направени – потсети папата Фрањо спомнувајќи ја историската цел од 1994 година односно потпишувањето на заедничката христолошка изјава која ја потпишаа Мар Динкха IV и свети Иван Павле II; преку неа можеме да исповедаме иста вера во таинството на овоплотувањето – reöe Папата – а го отворила и патот за нашето ходочастие кон полното заедништво.
Затоа е желба заедничката комисија за теолошки дијалог меѓу двете Цркви да помогне да се израмне патот кон толку очекуваниот ден, денот на воспоставувањето полно црковно заедништво кога ќе можеме да ја славиме жртвата Господова на ист олтар – истакна Папата. Во меѓувреме – додаде – постои можноста за брзи чекори растејќи во взаемното познавање и заедничкото сведочење на Евангелието. Нека нашата близина биде квасец на единството. Повикани сме заеднички да делуваме во љубовта каде што тоа е можно, така што љубовта ќе го покаже патот на заедништвото.
Во Крштението католиците и Асирците ја откриле основата на своето реално заедништво, припаѓајќи на едно тело Христово и станувајќи браќа во Него. Да не се измориме да бараме од Господ божествениот лекар со благотворно помазание на своето милосрдие да ги исцели раните на минатото – рече Папата.
На крајот поттикна на заедничка молитва „едни за други“ како и да се обнови заедничкиот спомен на евангелизаторското делување кое своите корени ги има во заедништвото на првата Црква од кое – како што рече – тргнало да се шири Евангелието кое во почетоците на верата дошло до Рим и Месопотамија колевки на многу антички цивилизации, раѓајќи силни христијански заедници.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк