Папата и кардиналите ќе разговараат за семејството
Денес, четврток 20 февруари во Ватикан започнува вонредниот конзисториум на кој ќе се разговара за прашања поврзани со семејството, а покрај папата Фрањо ќе присуствуваат и неговите советници за реформи во Црквата, како и кардинали од целиот свет, меѓу кои и 19 новоизбрани.
Од вкупно 218 кардинали, на првиот поголем состанок во Католичката црква по конклавите кога е избран папата Фрањо за нов Папа, ќе учествуваат 185 кардинали.
Најважна тема на конзисториумот ќе биде семејството, тема за која оцени дека е одлучувачка за новата евангелизација.
По барање на Папата конзисториумот ќе биде отворен со предавање за семејството од страна на кардинал Каспер, поранешен претседател на Папскиот совет за единство на христијаните, а потоа ќе следуваат излагања на кардиналите.
Хaфингтон пост/го*ко