Папата се сретна со членови на две швајцарски фондации

Папата се сретна со членови на две швајцарски фондации

На 25 септември 2017 година, папата Фрањо се сретна со добротворите на две швајцарски фондации кои се основани заради парична, материјална и техничка поддршка на Папската швајцарска гарда.

Папата напомена дека членовите на тие фондации беа на поклонение во Рим на празникот на својот заштитник свети Никола од Флуе, кој е роден пред 600 години и притоа им се заблагодари на нивната грижа за припадниците на Швајцаркста гарда, како и за плодната соработка со Командата на гардата и надлежните ватикански институции.

Со извршувањето на својата активност го покажувате духот на заедништво и солидарност – рече Светиот Отец – кој е карактеристичен за католичкото присуство во општеството. Тој став е вкоренет во евангелскиот повик на љубов кон ближниот (Мк 12, 31) и поттикнува за надминување на разликите и социјалните тензии меѓу различните групи. Според тоа, со својата работа на конкретен начин ги сведочите евангелските идеали, и во швајцарското општествено ткиво претставувате пример за братство и солидарност – истакна папата Фрањо.

Љубовта кон ближниот одговара на Христовиот налог и пример ако се темели на вистинска љубов кон Бог – рече Папата и продолжи: Така христијанинот може по пат на своето посветување, да им помогне на другите да ја искусат провидоносната нежност на Отецот Небесен. За да покажеме љубов кон ближниот, неопходно е да примиме од огнот на божествената љубов, и тоа по пат на молитвата, слушањето на Словото Божјо и по пат на светата Евхаристија. Со помош на тие духовни извори е можно да се делува со логиката на дарувањето и служењето – рече Светиот Отец.

Потоа им се заблагодари на членовите на фондациите за сè што прават за младите Швајцарци кои одлучуваат неколку години од својот живот да ги поминат во служба на Црквата. Ја искористи приликата да истакне колку е скапоцена дискретната, стручна и несебична присутност на Швајцарската гарда, како и тоа колку се корисни за добар редослед на активностите во Ватикан. Нека вас и вашите семејства ве чува Блажена Дева Марија и свети Никола од Флуе и да ве направи се повеќе сведоци на верата и добрината – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот