Во струмичката парохија „Раѓање на свети Иван Крстител“ беше организиран заеднички ручек – Агапе
Во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, на празникот Педесетница – Духовден, недела 31 мај 2026 година, по Светата Литургија беше организиран заеднички ручек – Агапе за присутните верници.
Ручекот беше подготвен во текот на ножта, а во организација на црковниот одбор на парохијата, а го благослови парохот, протојереј отец Гоце Костов.
Во подготовката на заедничкиот ручек се вклучија црковните одборници, како и верници од парохијата, кои помогнаа со волонтерска работа, прилози и донации.
Заедничкиот ручек – Агапе се организира како знак на заедништво, братска љубов и припадност на верниците кон парохиската заедница. Оваа иницијатива, која е трета година по ред, прераснува во традиција и има за цел да го негува единството меѓу верниците и да ја зајакнува свеста дека парохијата е едно духовно семејство.
к.мк

