Ватикан од 4 мај постепено ги олеснува мерките

 Ватикан од 4 мај постепено ги олеснува мерките

Од 4 мај Светиот Престол постепено ќе ги ублажи мерките и ќе започне да  воспоставува нормално извршување на работа на работните места. Здравствените мерки за спречување на заразата со корона вирусот сепак остануваат и понатаму на сила.

Така одлучи, како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол раководителите на Дикастериите и канцеларијата на Светиот Престол на вонредниот состанок што се одржа на 22 април 2020 година со кој претседаваше државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, прилагодувајќи ги на мерките, кои ги превзема и Италијанската влада. На тој ден започнува и во Ватикан втора фаза на сузбивање на коронавирусот.

На состанокот беа истакнати напорите на Светиот Престол да се соочи со кризата на одржлив начин. Во моментов вработените често работат во смени или од дома, што до појавата на пандемијата беше ретка појава во Ватикан. Ова се однесува на вработените во канцелариите на Светиот Престол, додека за оние кои работат во канцелариите во Државата Град Ватикан, како што се вработените и чуварите во Ватиканските музеи, кои се затворени од 9 март, а плоштадот Свети Петар и базиликата од 10 март, се уште не е решено, бидејќи зависи од мерките кои ќе ги превземе Италијанската влада на своето подрачје.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот