Папата: Исус сака да сме со слободни срца
Ако твоето богатство е во материјалноста, суетата и моќта, срцето не ти е слободно и така станува роб – предупреди Светиот Отец на светата Литругија во петок 20 јуни во капелата на домот Света Марта. Својата проповед Папата ја градеше на Исусовиот совет од денешното евангелско читање во кој стои: Не собирајте богаства на земјата.
Тоа е мудар совет, бидејќи богатството на земјата не е сигурно: подложено е на пропаѓање, а можат да дојдат и крадци, да ја поткопаат куќата и да го однесат богатството. Но за какво богатство зборува Исус? – праша Папата – и објасни дека станува збор за три врсти богатство, за кои Исус често говори…
Првото се златото, парите и општо материјалното богатство. Сепак со сето тоа не си сигурен, бидејќи може да го украдат или да пропадне на берзата и така да останеш без ништо! Тоа е опасно. Но богатството – рече Папата – е добра работа, со него може да направиш многу добри работи – на пример да се помогне некое семејство… Но ако ги прегрнеш тие работи, ќе ти ја украдат душата. Исус постојано предупредува на опасноста од богатството и во надевањето во него.
Друго богатсво е суетата, настојувањето околу престижот; околу тоа да нѐ видат или да бидеме видени. Суетата не служи за ништо – рече Папата жи го цитираше свети Бернард кој вели: Твојата убавина ќе заврши како храна за црви.
Третото богатство е горделивоста, гордоста, моќта – рече Папата повикувајќи на првото читање, кое опишува за падот и пропаста на немилосрдната царица Готолија. Нејзината моќ траеше седум години, а потоа ја убија – моќта е привремена, има свој крај. Има многу големи и возвиешни мажи и жени кои во историјата завршија анонимни, во беда или темница! Поради тоа е и овој совет за да не се прегрнува земското богатство – рече Папата, додавајќи дека Исус нѐ поттикнува да собираме богатство за во небото.
Исус сака да бидеме со слободни срца и тоа е денешната порака и ни вели: да имате слободно срце! Ни зборува за слобода на срцето, а слободното срце може да се има единствено преку небесното богатство, а тоа е: љубов, стрпливост, служење на ближниот… Тоа е вистинското богатство кое никој не може да ни го украде. Останатите работи прават да натежне срцето и да се наврзе и да стане приврзаник на земските богатства.
Заробеното срце не е светло, туку замрачено и ако собираме богатство на земјата прегрнуваме темнина, која не ни користи и не ни дава радост, туку нѐ прави наврзани и неслободни – рече Светиот Отец. Наспртои тоа: слободното срце е светло и им свети на другите, пат кој води кон Бог, го прави видлив. Светло и ненаврзано срце зрее како добро вино. Замраченото срце е како лошото вино: се расипува и станува оцет.
Господ нека ни ја даде оваа духовна мудрост за да сфатиме каде е нашето срце и на какво богатство е наврзано. Истоа така нека ни даде сила – доколку е заробено – да стане слободно и светло; нека ни ја подари онаа убава карактеристика на деца Божји – вистинска слобода, посака на крајот од проповедта Светиот Отец.
РВ/го*ко